| четврток, 6 декември 2018 |

Куп на Србија: Кошаркари на Партизан биле затруени пред мечот со Црвена звезда

Кошаркарите на Партизан претрпеа пораз во финалето од Купот на Србија, откако загубија од актуелниот шампион Црвена звезда со 74:64

Но, тие неколку дена настапуваа без помошта на тренерот, Александар Џикиќ и кошаркарите, Вања Маринковиќ, Милош Копривица и Вилијам Хечер, поради стомачен вирус.

Неколку часа пред финалето за кое под знак прашање беа и Михајло Андриќ, како и Урош Луковиќ, од Ниш пристигна вест дека кошаркарите на Партизан биле затруени од салмонела, а не од стомачен вирус, како што првично беше констатрирано.

Ден по финалето, истото тврдење на својот “Твитер” профил го изнесе и американскиот кошаркар, Вилијам Хечер.

Отровната храна која ја јадевме зеде се од мене. Се уште се борам. Молете се за мене, се вели во статусот на Хечер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top