Близу 11 милиони денари или 180 илјади евра, зеле неколкумина пратеници од претходниот пратенички состав на Социјалдемократскиот сојуз, за патни трошоци, за само една година. Ова го покажуваат официјалните податоци од собранието, кои ги доби тв нова, по писмено барање за пристап до информациите, објави телевиизјата.
Овие скоро 200.000 евра си ги поделиле само 10 пратеници од СДСМ кои живеат во Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Кочани и Струмица, во перидот од септември 2015 до октомври 2016.
Рекордер во наплатата на патни трошоци за пратениците, кои своето приватно возило го користат за службени цели, е пратеникот од редовите на СДСМ, Мира Стојчевска, родум од Битола, која добила 1.261.424 денари, или нешто повеќе од 20.000 евра, што е еднакво на повеќе од 56 просечни плати во Македонија.
Веднаш зад неа е и пратеникот Васко Ковачевски од Битола. Исто така од редовите на СДСМ, кој за патни трошоци наплатил вкупно 1.256.011 денари или околу 20.000 евра. На списокот, испратен од Собранието до Тв Нова, речиси и да нема пратеник од СДСМ, кој не наплатил, на име на патни трошоци, близу еден милиони денари, за една година. Следат и останатите пратеници од последниот состав на СДСМ, прилепчанецот Горан Сугаревски со 1.006.286 денари, битолчанките Јагода Шахпаска со 1.148.757 денари и Јулијана Силјановска со 1.192.298 денари, Томислав Тунтев од Охрид со 1.168.296 денари, Хари Локвенец од Прилеп со 942.156 денари, Јован Митрески од Струга со 1/221/899 денари и Милева Ѓоргиева од Струмица со 938, 708 денари.
Последен на оваа листа со исплатени вкупно 803.049 денари, или нешто повеќе од 13 илјади евра, е заменик-претседателот на Комисијата за финансирање и буџет од Социјалдемократскиот сојуз Миле Андонов, родум од Кочани.
Интересни се податоците и за Оливер Спасовски, генералниот секретар на партијата. Тој за десет години во Собранието, на име патни трошоци инкасирал вкупно 1.392.170 денари или скоро 23 илјади евра, иако живее во Куманово, на 30 километри оддалеченост од главниот град и Собранието.
Најголема исплата Спасовски евидирал во 2012 година, кога, за патни трошоци му биле исплатени скоро 400.000 денари, или речиси 7.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието доставија предлог за формирање Анкетна комисија
-
Граѓанин вербално ги нападна Стојаноски, Лазаревска и Тунтев, интервенираше полицијата (видео)
-
Пратениците ќе добијат уште една бенефиција: Пратеник што ќе изнајми стан во Скопје добива 400 евра