| четврток, 6 декември 2018 |

Детектиран нуклеарен облак над Европа, научниците во паника

Во јануари годинава над дел од Европа бил забележан мал, но загрижувачки степен на радијација, а научниците цело време безуспешно се обидуваат да го откријат изворот, пишува „Јутарњи лист“.

Некои се сомневаат дека за ова е виновна Русија, која имаше нуклеарно тестирање во Арктикот, а други пат мислат дека за опасното зрачење е одговорна фармацевтската индустрија.

Францускиот нуклеарен институт ИРСН известил дека во трагите биле детектирани радиокатвен јод 131 во атмосферата над северна Норвешка, Финска, Полска, Германија, Чешка, Франција и Шпанија. Висината денес е во границите на нормалата, но стручните лица се загрижени бидејќи не знаат што е причина за неговото зголемување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top