| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругата на Дуле ја откри вистинската причина за смртта на пејачот

Три ипол години по смртта на пејачот Душан Љубисављевиќ – Дуле, неговата сопруга Љупка првпат јавно проговори во јавноста за губењето на својот сакан. Љупка беше гостинка во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на Сител Телевизија.

Љупка вели дека Дуле починал од болест, а не како што се пишувало по медиумите, од “различни измислени работи“.

– Дуле беше болен од рак на дебелото црево, јас дознав многу доцна за тоа, од наш заеднички пријател, музичар во групата „Синтезис“, му се доверил нему. Дуле не сакал да ми каже за да не ме растажи – рече Љупка.

Сопругата на Дуле вели дека долго време живеела во депресија, не излегувала од дома и не сакал да разговара со никого

-За среќа пријателите секогаш беа тука за мене и не ме оставиле и ден-денес. Тешко ми е овде во Скопје, самохрана мајка сум, најтешко ми е за празниците, испраќањето во училиште – вели Љупка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top