Француските ветеринарни власти планираат да уништат околу 600 илјади патки со цел превенција од ширење на вирусот на птичји грип од југозападниот дел од државата, изјави денеска министерот за земјоделие Стефан ле Фол.
Во изјава за француско радио, тој рече дека сите патки што се на фарми во областа Ландес, ќе бидат уништени.
Повеќе од 300 случаи на појава на вирусот на птичји грип беа регистрирани неодамна во Франција, речиси половината од нив во Ландес. СЗО смета дека пренесување на тој вирус врз човекот е невозможно, но не може со сигурност да се отфрли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.