| четврток, 6 декември 2018 |

Третиот човек според богатството открива: Ако сакате да бидете богати, без ова не е можно (Видео)

Еден од најбогатите луѓе во светот, Ворен Бафет открива што е најважно на патот до успехот и големото богатство.

Во интервјуто кое го дал за „Блумберг“, Бафет открива дека тајната состојка е ни повеќе ни помалку туку љубовта.

-Огромното чувство на задоволство во животот не зависи од тоа колкава ви е сметката во банка, туку од тоа дали луѓето што ги сакате навистина ве сакаат – истакнал Бафет.

На прашањето на новинарот дали се смета за успешен, Бафет одговора:

– Добар сум. Можеби не сум успешен колку некои други, но сум задоволен од луѓето што работат околу мене и со сите тие со кои работев сите овие години. Задоволен сум со своите деца и внуците.

-Значи, сепак ќе речете дека сте успешни – истакнал новинарот, на што „Бафет“ веднаш одговорил:

– Попрво ќе речам дека работам на тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top