| четврток, 6 декември 2018 |

Жардим: Вечерва Фалкао ќе им покаже на Англичаните колку вреди

radamel falkao

Фудбалерите на Монако вечерва го играат првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, и гостуваат кај англискиот гигант Манчестер Сити. Овој дуел ќе значи и враќање на најдобриот стрелец на тимот од Монте Карло, Радамел Фалкао во Англија, по две неуспешни сезони минати во Манчестер Јунајтед и Челзи.

Токму за „Ел Тигре“ синоќа на официјалниот прес пред мечот зборуваше тренерот на Монако, Леонард Жардим, велејќи дека вечерва Колумбиецот ќе им покаже на Англичаните колку вреди.

– Сè уште тој е еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, премногу лесно е да работиш со него. Јунајтед и Челзи не знаеја да го искористат тоа и сите зборуваа дека неговата кариера е завршена. А не знам како очекуваа од него голови кога не ја доби вистинската шанса. Се надевам дека вечерва Фалкао ќе им покаже на Англичаните колку вреди – вели Жардим.

Мечот меѓу Манчестер Сити и Монако ќе се одигра на „Итихад“ во редовниот термин од 20.45.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top