Францускиот прволигаш Ница ќе биде хендикепиран во трката за шампионската титула со Монако и со ПСЖ, откако остана без напаѓачот Аласане Плеа до крајот на сезоната. Тој вчера беше опериран за да ја санира повредата на коленото што ја заработи на мечот против Рен минатата седмица.
Ница во наредниот дуел нема да може да смета и на Марио Балотели, кој доби црвен картон на гостувањето против Лориент. Овој тим по 26 одиграни кола се наоѓа на третата позиција на табелата со 56 бода, идентично како и второпласираниот ПСЖ, а три бода помалку од лидерот Монако.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.