| четврток, 6 декември 2018 |

Дора Попова, психолог: Ан­кси­оз­но­ста не е бо­лест, но мо­же да ста­не се­ри­о­зен проб­лем

Во за­вис­ност од сте­пе­нот на симп­то­ми­те на ан­кси­оз­ност, се­којд­нев­ни­от жи­вот на лу­ѓе­то мо­же да би­де по­мал­ку или по­ве­ќе по­пре­чен. Име­но, ан­кси­оз­но­ста мо­же да се дви­жи од бла­га воз­не­ми­ре­ност и да се по­ја­ву­ва са­мо во одре­де­ни си­ту­а­ции, па сѐ до хро­нич­но аги­ти­ра­на со­стој­ба, ко­ја це­лос­но ја па­ра­ли­зи­ра лич­но­ста, ве­ли По­по­ва

Ан­кси­оз­но­ста не е бо­лест, но мо­же да се пре­тво­ри во се­ри­о­зен проб­лем, ко­га ќе ста­не дла­бо­ко вко­ре­не­та „не­свес­на на­ви­ка“, ко­ја лич­но­ста ја хра­ни и ѝ ја да­ва це­ла­та сво­ја енер­ги­ја, ве­ли До­ра По­по­ва, пси­хо­лог и со­ци­о­те­ра­певт во Цен­та­рот за при­ме­не­та пси­хо­ло­ги­ја „До­ра“.

Ан­кси­оз­но­ста и па­ни­чи­те на­па­ди се ед­ни од нај­че­сти­те со­стој­би на 21 век и тоа е слу­чај не са­мо во све­тот, ту­ку и кај нас. Не­кои лу­ѓе се ре­ша­ва­ат да по­ба­ра­ат по­мош, но дел од нив уште мол­чат и не са­ка­ат со ни­ко­го да ги спо­де­лат сво­и­те стра­во­ви. Ан­кси­оз­но­ста мо­же да се дви­жи од бла­га воз­не­ми­ре­ност и да се по­ја­ву­ва ко­га се во­зи­ме во авто­бус, ко­га има ме­ша­ни­ца, или, пак, при во­зе­ње со ави­он. Но, мо­же да би­де и хро­нич­но аги­ти­ра­на со­стој­ба, ко­ја це­лос­но ја па­ра­ли­зи­ра лич­но­ста.

Што е ан­кси­оз­ност и ка­ко се пре­поз­на­ва? Зна­ат ли ли­ца­та са­ми да пре­поз­на­ат за што ста­ну­ва збор?

ПОПОВА: Ан­кси­оз­но­ста нај­че­сто се де­фи­ни­ра ка­ко не­ја­сен и леб­деч­ки страв, кој не е ди­фе­рен­ци­ран од стра­на на лич­но­ста што го чув­ству­ва и нај­че­сто се ма­ни­фе­сти­ра ка­ко ре­ак­ци­ја на не­ка­ква опас­ност (нај­че­сто ира­ци­о­нал­на) за ко­ја лич­но­ста по­сто­ја­но има чув­ство де­ка ја дем­не, при што има не­при­јат­ни оче­ку­ва­ња де­ка ќе ѝ се слу­чи не­што ка­та­стро­фал­но во да­леч­на или бли­ска ид­ни­на. Ина­ку, че­сто ли­ца­та што ја чув­ству­ва­ат ан­кси­оз­но­ста, во по­че­то­кот на неј­зи­на­та по­ја­ва не зна­ат да пре­поз­на­ат за што ста­ну­ва збор,па по­греш­но мис­лат де­ка симп­то­ми­те се ре­зул­тат на не­кои вна­треш­ни, ор­ган­ски на­ру­шу­ва­ња во ор­га­низ­мот. Во­о­би­ча­е­но стра­ву­ва­ат од не­ко­ја бо­лест на ср­це­то, би­деј­ќи за­бр­за­но­то ср­це­би­е­ње и пли­тко­то ди­ше­ње се ед­ни од најз­на­чај­ни­те симп­то­ми ко­га е во пра­ша­ње ан­кси­оз­но­ста. Во та­ков слу­чај, лу­ѓе­то не­ре­тко се из­ло­жу­ва­ат на раз­лич­ни ле­кар­ски прег­ле­ди, ме­ѓу­тоа, отка­ко ќе до­би­јат по­твр­да од ле­ка­рот де­ка сѐ е во ред со нив­но­то фи­зич­ко здрав­је, сфа­ќа­ат де­ка се слу­чу­ва не­што дру­го, па сле­ду­ва ба­ра­ње струч­на по­мош од пси­хо­лог или пси­хи­ја­тар.

dr dora (Custom)

Че­сто ли­ца­та што ја чув­ству­ва­ат ан­кси­оз­но­ста, во по­че­то­кот на неј­зи­на­та по­ја­ва не зна­ат да пре­поз­на­ат за што ста­ну­ва збор,па по­греш­но мис­лат де­ка симп­то­ми­те се ре­зул­тат на не­кои вна­треш­ни, ор­ган­ски на­ру­шу­ва­ња во ор­га­низ­мот, вели Попова

Кои се при­чи­ни­те за по­ја­ва на ан­кси­оз­ност?

ПОПОВА: По­сто­јат мно­гу­број­ни при­чи­ни за по­ја­ва на ан­кси­оз­но­ста, но во нај­го­лем број слу­чаи, таа е ре­зул­тат на стрес, кој не е се­којд­не­вен за лич­но­ста и, ед­но­став­но, е мин­лив. Мо­же да би­де во пра­ша­ње смрт на бли­ска лич­ност, раз­вод, ег­зи­стен­ци­ја­лен проб­лем, по­ја­ва на бо­лест во бли­ско­то се­мејс­тво итн. Исто та­ка, не е иск­лу­че­на мож­но­ста ан­кси­оз­но­ста да се по­ја­ви во пер­и­од на не­ко­ја зна­чај­на жи­вот­на про­ме­на за лич­но­ста, ду­ри и да ста­ну­ва збор за по­зи­тив­на про­ме­на. Се раз­би­ра, на крај на­со­бра­ни­от стрес, чи­ја­што не­га­тив­на енер­ги­ја не е со­од­вет­но ка­на­ли­зи­ра­на, а кој го при­чи­ну­ва­ат се­којд­нев­ни­те не­при­јат­ни си­ту­а­ции, мо­же да би­де при­чи­на за по­ја­ва на ан­кси­оз­ност. За­тоа во те­кот на пси­хо­те­ра­пи­ја­та истра­жу­ва­ме што се слу­чи­ло во жи­во­тот на кли­ен­тот пред по­ја­ва­та на ан­кси­оз­но­ста и што се слу­чу­ва за вре­ме до­де­ка трае.

Ка­ко жи­ве­ат лу­ѓе­то со симп­то­ми и со па­нич­ни на­па­ди?

ПОПОВА: За раз­ли­ка од ан­кси­оз­но­ста, па­нич­ни­от на­пад прет­ста­ву­ва не­на­деј­но искус­тво на ин­тен­зи­вен страв при што лич­но­ста чув­ству­ва ка­ко да ја гу­би зем­ја­та под но­зе­те и таа мо­же да би­де це­лос­но свес­на, но мо­же да би­де и без јас­но свес­на пер­цеп­ци­ја. Па­нич­ни­от страв е прос­ле­ден со мно­гу не­при­јат­ни ве­ге­та­тив­ни симп­то­ми ка­ко што се бр­зо чу­ка­ње на ср­це­то, вр­тог­ла­ви­ца, тре­мор, по­те­ње, не­до­стиг од воз­дух, топ­ли и сту­де­ни бра­но­ви во те­ло­то, бол­ка и не­при­јат­ност ка­ко при­ти­сок и сте­га­ње во гра­ди­те, чув­ство на за­ду­шу­ва­ње, га­де­ње. Ква­ли­те­тот на жи­во­тот на лу­ѓе­то што жи­ве­ат со па­нич­ни на­па­ди е при­лич­но оси­ро­ма­шен би­деј­ќи, за раз­ли­ка од ан­кси­оз­но­ста, ко­ја, обич­но, се то­ле­ри­ра ти­вко, кај на­па­ди­те на па­ни­ка се за­бе­ле­жу­ва чув­ство на по­ни­жу­ва­ње и лич­но­ста ве­ру­ва де­ка си­те око­лу неа гле­да­ат де­ка таа се од­не­су­ва „чуд­но“, па поч­ну­ва да из­бег­ну­ва јав­ни ме­ста, дви­жеј­ќи се во еден си­гу­рен и те­сен круг. Па­нич­ни­от на­пад мо­же да трае кра­тко, или да по­трае не­кое вре­ме, но мо­же да до­бие и хро­ни­чен тек. Тоа е до­пол­ни­те­лен проб­лем би­деј­ќи лич­но­ста што стра­да од па­нич­ни на­па­ди по­сто­ја­но е во ис­че­ку­ва­ње на след­ни­от на­пад, што пре­диз­ви­ку­ва до­пол­ни­тел­на ан­кси­оз­ност кај неа, па во мир­ни­от пер­и­од од ед­ни­от до дру­ги­от па­ни­чен на­пад, че­сто ста­ну­ва оп­сед­на­та со тоа ис­че­ку­ва­ње, при што са­ма­та мо­же да се бло­ки­ра во из­вр­шу­ва­ње­то на се­којд­нев­ни­те актив­но­сти.

Да­ли ан­кси­оз­но­ста мо­же да го па­ра­ли­зи­ра се­којд­нев­ни­от жи­вот?

ПОПОВА: Во за­вис­ност од сте­пе­нот на симп­то­ми­те на ан­кси­оз­ност, се­којд­нев­ни­от жи­вот на лу­ѓе­то мо­же да би­де по­мал­ку или по­ве­ќе по­пре­чен. Име­но, ан­кси­оз­но­ста мо­же да се дви­жи од бла­га воз­не­ми­ре­ност и да се по­ја­ву­ва са­мо во одре­де­ни си­ту­а­ции (на пр. во­зе­ње во авто­бус, ме­теж, во­зе­ње со ави­он), сѐ до хро­нич­но аги­ти­ра­на со­стој­ба, ко­ја це­лос­но ја па­ра­ли­зи­ра лич­но­ста. Крај­на­та фа­за од оваа со­стој­ба ја до­би­ва сво­ја­та кли­нич­ка сли­ка и фар­ма­ко­те­ра­пи­ја­та ста­ну­ва не­оп­ход­на, се раз­би­ра, во ком­би­на­ци­ја со пси­хо­те­ра­пи­ја­та.

dr dora 2 (Custom)

Ан­кси­оз­но­ста, де­фи­ни­тив­но, не е бо­лест, но мо­же да се пре­тво­ри во се­ри­о­зен проб­лем, ко­га ќе ста­не дла­бо­ко вко­ре­не­та „не­свес­на на­ви­ка“, ко­ја лич­но­ста ја хра­ни и ѝ ја да­ва це­ла­та сво­ја енер­ги­ја

Што ве­ли Ва­ша­та пра­кти­ка? Да­ли рас­те бро­јот на ли­ца­та што ба­ра­ат по­мош по­ра­ди ан­кси­оз­ност?

ПОПОВА: Ан­кси­оз­но­ста и па­ни­чи­те на­па­ди се, де­фи­ни­тив­но, ед­ни од нај­че­сти­те со­стој­би на два­е­сет и пр­ви­от век. Бро­јот на ли­ца­та што стра­да­ат од овие со­стој­би е огро­мен, не са­мо кај нас, ту­ку се­ка­де во све­тот. До­бар дел од овие ли­ца се ре­ша­ва­ат да по­ба­ра­ат струч­на пси­хо­ло­шка по­мош,но го­лем дел од нив сѐ уште мол­чат, би­деј­ќи се чув­ству­ва­ат ран­ли­во, а ран­ли­во­ста им пре­диз­ви­ку­ва срам или страв за тоа ка­ко ќе би­дат при­фа­те­ни во нив­на­та по­тес­на, а, мо­же­би, и по­ши­ро­ка око­ли­на.

Да­ли ан­кси­оз­ност е бо­лест или со­стој­ба и да­ли се ле­ку­ва?

ПОПОВА: Ан­кси­оз­но­ста, де­фи­ни­тив­но, не е бо­лест, но мо­же да се пре­тво­ри во се­ри­о­зен проб­лем, ко­га ќе ста­не дла­бо­ко вко­ре­не­та „не­свес­на на­ви­ка“, ко­ја лич­но­ста ја хра­ни и ѝ ја да­ва це­ла­та сво­ја енер­ги­ја. То­гаш по­стои мож­ност ан­кси­оз­но­ста да на­пра­ви про­ме­ни во фи­зи­о­ло­шка­та стру­кту­ра на лич­но­ста, па ка­ко што на­по­ме­нав, ста­ну­ва не­оп­ход­на ме­ди­ка­мен­тоз­на­та те­ра­пи­ја, ком­би­ни­ра­на со пси­хо­те­ра­пи­ја­та. Осо­бе­но е важ­но да се ра­бо­ти на по­тен­ци­ја­лот на кли­ен­тот да се под­др­жи се­бе­си во сво­јот жи­вот и да се здо­бие со до­вер­ба во сво­и­те ме­ха­низ­ми на функ­ци­о­ни­ра­ње, да го пре­ис­пи­та сво­е­то авто­ма­ти­зи­ра­но од­не­су­ва­ње, да го збо­га­ти спе­кта­рот на сво­јот пси­хич­ки алат, да ја про­ши­ри свес­но­ста за се­бе и за сво­јот од­нос кон оп­кру­жу­ва­ње­то и да го нај­де сво­е­то ме­сто во све­тот, жи­ве­еј­ќи го жи­во­тот во полн ек ме­сто да се пла­ши од не­го. По­себ­но се ра­бо­ти на вра­ќа­ње­то на ста­бил­но­ста на ос­но­ва­та на ко­ја стои лич­но­ста, а тоа е неј­зи­но­то те­ло, ин­тим­ни­те од­но­си, при­ја­те­ли­те, про­фе­си­о­нал­ни­от иден­ти­тет, хо­би­то, ин­те­ре­си­те и пла­но­ви­те. Кли­ен­тот се охра­бру­ва да кон­та­кти­ра со си­те овие ас­пе­кти и по­ле­ка да го зац­вр­сти се­кој од нив, да ги под­др­жи сво­и­те здра­ви по­тен­ци­ја­ли, да ве­ру­ва во нив и на крај да раз­бе­ре на што го пре­ду­пре­ду­ва­ат симп­то­ми­те и ка­кви пси­хич­ки за­стои има во зад­ни­на­та.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

(интервјуто е објавено во 233. број на неделникот Република кој излезе во печат на 17.02. 2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top