| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид: Жена убиена при грабеж

Жена на возраст од 60-тина години е убиена синоќа во Охрид.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски ја потврди информацијата, без да изнесе детали околу случајот, освен дека веќе е спроведен криминалистичко-технички увид на местото на настанот.

Според првичните информации, најверојатно станува збор за грабеж извршен синоќа околу 20 часот, при што настрадала жената која давала отпор при обидот да биде ограбена во нејзиниот стан во кој живеела сама во зграда на улицата „Галичица“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top