Во текот на бразилската емисија „Шугар-Поп“, која водителката Лусијана Гименез и продуцентите постојано ја квалификуваат како „шоу за целото семејство“, се случи нешто несекојдневно, а за многумина и невкусно и срамно.
Имено, снимателот неможејќи да го скрие она што му е на ум, почна да ги зумира задниците на бразилските манекенки, кои гостуваа во емисијата. Извадокот од шоуто, каде што една од манекенките, поточно нејзиниот задник, го „опфати“ цел екран, стана хит на интернет.
По шегите и критиките на сметка на тоа, продуцентите се правдаа дека емисијата во принцип е „полна со хумор, занимливости и контроверзи“.
Инаку, станува збор за емисија каде редовно гостуваат модели, карневалски танчерки и слични профили и каде се говори за најразлични теми – долна облека, порнографија, нимфоманија…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


