| четврток, 6 декември 2018 |

Курт Кобејн денес би наполнил 50 години

Курт Кобејн, водачот на американската рок група „Нирвана“ кој почина на петти април 1994 година денеска би наполнил 50 години. Неговата музика живее и 20 години од неговата смрт и уште има влијание на младата рок генерациија.

Курт Доналд Кобејн е роден на 20 февруари 1967 година и беше водач, текстописец и гитарист на гранџ-составот „Нирвана“ од Сиетл. Со успехот на групата, Кобејн стекна огромна слава која тешко ја прифати, бидејќи имаше потешкотии да се навикне на се она што таа го носи со себе.

Кобејн и „Нирвана“ имаа силно влијание на развој на музиката, популаризирајќи посебен правец во музиката – гранџ.

Многумина сметаат дека придонесот на Кобејн во музиката индустрија засекогаш го смени звукот на поп музиката и останува меѓу највлијателните музичари во рок музиката. Неговите блиски пријатели тврдат дека тоа не му била целта.

Неговата најпозната песна „Smells Like Teen Spirit” подоцна беше прогласена за „химна на генерацијата“.

Музичарот пишуваше песни под влијание на своите омилени писатели Вилијам Бароуз, Семјуел Бекет, Чарлс Буковски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top