Ќерката на Курт Кобејн и Кортни Лав, Франсис Бин Кобејн, се омажи за своето долгогодишно момче Ајзеја Силва на приватна церемонија на која присуствувале само нивните кумови. На венчавката не била поканета ниту нејзината мајка, пејачката Кортни Лав.
Кортни и 23- годишната Френсис не се во добри односи веќе со години, но сепак имаат меѓусебно разбирање. Кортни во една прилика изјавила дека Френсис сака да биде самостојна личност и дека е среќна што го работи тоа што го сака. Исто така Ајзеја го смета за добро момче, открил близок извор на семејството.
Френсис Бин наводно планирала тајна венчавка веќе една година и на церемонијата поканила само 15-тина гости.
Она што на многумина им западнало во очи е беверојатната сличност помеѓу Ајзеја и легендарниот предводник на култната Нирвана, таткото на невестата, Курт Кобејн, како и тоа што двојката решила да се венча на ист начин како и нејзините родители.
Имено во 1992 година Кортни и Курт го изговориле судбоносното „да“ на приватна церемонија на која присуствувале само 8 луѓе.
Силва е пејач на алтернативниот рок-бенд „Ериес“, а кога во рацете држи гитара и пее, многу потсетува на покојниот фронтмен на култната група „Нирвана“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.