| четврток, 6 декември 2018 |

Музички ѕвезди што починале на 27 години

Тоше Проевски загина на 3 месеци пред 27-от роденден

Случајно или не возраста од 27 години е заеднички именител за десетици светски познати кои починале пред својот 28 роденден.

Меѓу нив се Џим Морисон вокалот на легендарните The Doors, Џенис Џоплин, Џими Хендрикс, Ејми Вајнхаус и Курт Кобеин кои се најславните музичари кои починале на 27 години.

Од помалку познатите тука се и Кристен Пфаф, Ричи Едвардс, Шон Патрик Меккејб, Леви Кереама, Питер Хам, Гери Таин и други помалку познати музичари кои што во разни најчесто неразјаснети околности го загубиле својот живот.

Најголем дел од нив загинале како последица од користење на дрога, алкохол или други илегални супстанци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top