| четврток, 6 декември 2018 |

Се продава телефонот на Адолф Хитлер

adolf hitler

­ Аукциска куќа од градот Чизапик во американската држава Мериленд го стави на продажба телефонот на Адолф Хитлер.

Почетната цена на телефонот е 100.000 долари, но се очекува неговата вредност да достигне меѓу 200.000 и 300.000 долари. На овој телефон Хитлер издавал наредби во последните две години од Втората светска војна. Тој го користел апаратот во штабовите на својата армија, во автомобилите и возовите.

Првата боја на телефонот, произведен од компанијата „Сименс“, била црна, а потоа е бојадисан во црвен. На него го има нацистичкиот симбол, а на задната страна од телефонот е гравирано името на Хитлер.

Телефонот во мај 1945 година му бил даден на британскиот војник Ралф Рејнер од страна на руски војници, за време на неговата посета во бункерот на Хитлер во Берлин веднаш по капитулацијата на нацистичка Германија. Потоа Рејнер му го дал на својот син, кој сега го продава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top