| четврток, 6 декември 2018 |

Џоли во солзи за распаѓањето на бракот со Пит: Секогаш ќе бидеме семејство

Анџелина Џоли првпат проговори за распаѓањето на бракот со Бред Пит и како тоа влијаело на нивните деца.

Холивудската актерка моментно е  во Камбоџа со шестте деца и го промовира својот нов филм. Кога новинарката на „Би-би-си“ ја прашала за приватниот живот, во очите и се појавиле солзи.

– Не сакам да зборувам многу за тоа. Ќе кажам дека тоа беше многу тежок период. Ние сме семејство и секогаш ќе биде семејство . Многу луѓе се нашле во таа ситуација. Целото семејство помина низ тоа. Фокусирана сум на децата – изјави актерката.

Џоли е во Камбоџа каде што премиерно се прикажува нејзниот филм „Прво го убија мојот татко“, за животот во Камбоџа под владеење на Пол Пот и тоа од аголот на едно дете.

Друштво и прават нејзините деца, Мадокс (15), Пакс (13), Захара (12), Шајло (10) и осумгодишните близнаци Нокс и Вивијен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top