Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска ќе ја посети Општина Струмица во рамки на кампањата „ЕУ за вас“.
Жбогар ќе се сретне со в.д. градоначалникот Коста Костадинов и ќе направи увид во проектот „Tретман на отпадните води“, финансиран од ЕУ со 5,7 милиони евра.
Проектот предвидува изградба на пречистителна станица, супервизија и изготвување студии. Се спроведува во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање, Општина Струмица и Јавното претпријатие за комунален отпад.
Кампањата „ЕУ за вас“ почна на 27 јануари во Кичево. Целта е подигнување на свеста и информирање на јавноста за помошта што ја обезбедува Европската унија. Активностите стартуваа со темата „екологија“, а се реализираат преку посети на делови од Македонија каде ЕУ дава поддршка за борба против загадувањето и обезбедување „чиста околина за сите“ (што е и мото на темата).
Целосната финансиска поддршка на ЕУ за Македонија во делот екологија е 80 милиони евра преку ИПА1 (2007-2013), а натамошната помош од 100 милиони евра ќе се реализира со ИПА2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.