| четврток, 6 декември 2018 |

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска ќе ја посети Струмица

zbogar

 Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска ќе ја посети Општина Струмица во рамки на кампањата „ЕУ за вас“.

Жбогар ќе се сретне со в.д. градоначалникот Коста Костадинов и ќе направи увид во проектот „Tретман на отпадните води“, финансиран од ЕУ со 5,7 милиони евра.

Проектот предвидува изградба на пречистителна станица, супервизија и изготвување студии. Се спроведува во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање, Општина Струмица и Јавното претпријатие за комунален отпад.

Кампањата „ЕУ за вас“ почна на 27 јануари во Кичево. Целта е подигнување на свеста и информирање на јавноста за помошта што ја обезбедува Европската унија. Активностите стартуваа со темата „екологија“, а се реализираат преку посети на делови од Македонија каде ЕУ дава поддршка за борба против загадувањето и обезбедување „чиста околина за сите“ (што е и мото на темата).

Целосната финансиска поддршка на ЕУ за Македонија во делот екологија е 80 милиони евра преку ИПА1 (2007-2013), а натамошната помош од 100 милиони евра ќе се реализира со ИПА2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top