Неправедно е амбасадоре Жбогар, многу неправедно и затоа многу боли. Одкако наредниот ден после насилничкото и неделовничко изгласување на Закон за употреба на јазиците ги одбегнавте новинарите во Собранието кои Ви побараа изјава – not today (не денес), вчера во Гостивар дадовте изјава која силно одекна и предизвика лавина реакции поради тоа што изјавивте дека целосно го подржувате овој неуставен закон и фрливте прашина во очи на Македонскиот народ. Постапивте еднострано и се определивте за една страна, со тоа што целосно ги подржавте челниците на албанската етничка заедница кои стојат зад Законот, за прашање кое сеуште ниту од формално правен аспект не е завршено, неводејки смектка за фактите и за мнозинската заедница, како го нарекувате македонскиот народ. Со тоа амбасадоре Жбогар, постапивте спротиво на членот 3 од Виенската Конвенција за дипломатски односи, бидејки амбасадорите немаат овластување да се мешаат во внатрешните работи на една суверена држава. Дали со тоа не Ви е целта да вршите притисок да се подпише указ за прогласување на еден неуставен закон донесен со грубо кршење на Уставот, Законот за Собранието на РМ и Деловникот за работа на Собранието?.
Вие амбасадоре Жбогар, наведувате дека Законот за употреба на јазиците е важен за Албанците и дека со донесувањето на овој Закон Албанците се чувствуваат поценети и и прифатени во општеството и самата замја. Од Вашата изјава дека мнозинската заедница не би требало да се почувствува дека на некој начин нејзините права се загрозени, сосема е јасно дека водите сметка само за едни чувства, но не и за чувствата на македонците, на кои не им го споменувате името, туку ги нарекувате “мнозинска заедница“, како што ги споменувате албанците. Вашата изјава дека мнозинската заедница не би требало да се почувствува дека на некој начин нејзините права се загрозени е неприфатлива и крајно нереална. Секојденевно гледате и слушате какви се реакциите на овој неуставен закон на академици, професори, научни и стручни работници, на многу илјади граѓани кои секојдневно протестираат и реагираат, на закон со кој се врши терор и насилство врз деморатијата со воведување двојазичност на целата територија на државата и загрозување на унитарниот карактер на државата, на закон неуставен, неразбирлив и неприменлив, како што веќе два пати напоменува н.е. амбасадорот на Франција Кристијан Тинмоние. Денес го слушнавте ставот и мислењето на Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите, кои не се согласуваат со таков неуставен закон.
Овој вид на закони, почитуван амбасадоре, не се носат на сила. Носењето на ваков закон бара време, стручни дебати и дискусии на научната и стручната јавност, компаративни анализи и искуства стрпливост и почитување. Од самиот почеток на поднесувањето на овој закон експлицитно беше кажано дека нема да се дозволи од овој закон да се измени ниту една буква, како да е тоа декрет на некој врховен монарх. Овој закон е дел од Тиранската платформа и на креаторите за донесување на ваков закон само тоа им е важно. Не се памети некој закон да помине во Собранието без било каква расправа. За овој закон немаше никаква расправа. Лажно му е ставено европскио знаменце за да се скрати и оневозможи расправата. Дека овој закон не е дел од европската агенда на Владата и дека не му следубва европско знаменце во Скопје потврди и еврокомесарот Јоханес Хан.
При првото читање на Законот, имаше поднесено 84 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и 2 амандмани од БЕСА. Но, по ниту еден амандман не се отвори расправа и по ниту еден амандман не се гласаше. Комисијата за европси прашања чиј претседател е пратеникот Артан Груби смислено комплетно за блокираше расправата. Тоа ли е доловничка и демократска процедура за донесување на еден таков закон и наместо реализам, надвладеа победнички труимфализам. Закони од ваков вид по правило се носат со консензус, а не со надгасување и со Уставен, законски и деловнички масакар. Целата ”правна агрументација” се состоеше во силата на парламантарното мнозинство. Логиката се сведе на тоа дека ние имаме мнозинсто и вие од опозиијата што и да правите, ние ќе го донесеме законот.
Познато Вие, почитуван амбасадоре дека Претседателот на Република Македонија Д-р Ѓорге Иванов согласно член 75 од Уставот на Македонија не го подпиша Указот за прогласување на законот и даде конкретни писмени забелешки на 19 од вкупно 25 одредби од Законот. Согласно членот 38 став 3 од Законот за Собранието на РМ, “ Ако претседателот на Републиката не го подпише указот за прогласувањето на законот, Собранието повторо го разгледува законот согласно со Деловникот во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот”. Согласно ставот 4 на членот 38 при повторното разгледување на законот амандмани можат да се поднесуваат само само во врска со укажувањата на претседателот на Републиката. Овие одредви се содржани и во членот 173 од Деловникот на Собранието.
Нелегитимно избраниот претседател Талат Џафери, кој инаку е познат креатор на дискудсија со молчење и дискусија со читање на поезија, на 22 јануари писмено се обрати до пратениците и ги извести дека можат да поднесуваат амандмани во рок од два дена, посочивајки датум и час до кога можат да се поднесуваат амандмани. Тоа и го сторија пратениците од опозицијата и поднесоа амандмани. Не се спроведе никава расправа по поднесените амандмани, ниту во работни тела, ниту на пленарна седница на Собранието. На 14 март 2018 година Талат Џафери, спротивно на наведените одредби од Уставот, Законот за Собранието и Деловникот на Собранието без почитување на деловничката процедура законот го стави на гласање. Тоа е еклатантно насилие врз демоктратијата и врз деловничките и законски процедури.
Не се очекува од евроамбасадор како Вас, со толкаво големо искуство да биде толку едностаран. Не Ви се обраќам со цел да влијаам на вашето моислење, туку да Ве подсетам на некои Уставни, законски и деловнички одредби и факти, кои не ги имате во предвид. Што значи Вашата изјава дека овој Закон ќе започне да се применува со целосно почитување на Европските стандарди и европските позитивни политики. Кои се тие Европските стандарди и европските позитивни за употреба на јазиците не наведувате. Камо среќа малцинските заедници во многу држави, па и во државите воЕУ, да ги имаат тие права што ги има албанската етничка заедница во Македонија со три универзитети и повеќе десетици факултети, основни и средни училишта, културни и образовни институци, правична застапеност во институциите на власта и јавните установи и многу други права.
Во ваква состојба, незнам како можете да очекувате Законот за јазици да стапи во сила поскоро, со што ќе им се даде приоритет на Собранието и Владата да се фокусираат на европската агенда. Ако сакаа да се фокусираат на европската агенда, немаше да се изгуби толку енергија за еден закон кој не е дел од таа европска агенда. Но законот му беше приоритетна задача на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, кој дури со видео обраќање сака да го убеди амбасадорот Кристијан Тимоние кој има поинакво мислење. Бујар Османи веќе најави дека ќе се носат учители од Косово и Албанија да ја обучуваат македонската администрација!!! Каква иритирачка дрскост? Како во ваква состојба очекувате дека имплементацијата ќе биде почитувана од сите чинители во општеството.
Незнам колку Вашиот став за еднострана подршка е дипломатски, но знам дека во моето 50 годишно искуство и работа во јавните обинителства, Апелациониот суд и 10 години министер за правда, со изработка и одбрана на преку 300 закони, вакво насилие врз Уставот и законите во законодавниот дом се нема случено. Несмее да се подржува и промовира насилие врз демоктаријата, повреда на законите и грубо кршење на деловничките одредби. Со тоа се создава многу опасен преседан.
Екселенцијо Семуел Жбогар, од Вас се очекува да помогнете во ова состојба со реалистички пристап кон ова сериозно прашање и да дадете балансиран конструктивен придонес. Долевање масло на огинот не е никаво решение.
Примете изрази на моето особено почитување.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.