Македонскиот народ првпат има поддршка од новата американска администрација. Нема странска интервенција, немаат шанси во Македонија тие Фрчковци што чекаат, нека заборават, вели новинарката Мирка Велиновска во емисијата „Во Центар“.
На прашањето од новинарот Васко Ефтов дали се фатени многу македонски политичар во процесот „Диво Насеље“, Велиновска одговара:
-Стојан Андов е фатен, неделата пред да се случи Диво Насеље, во мај, тој веќе бил на разговор со Бургер и Стонер. Така, да, Андов е познат по тоа уште од времето на Ван дер Штул, кој дојде, ако се сеќаваш, во „Пулс“ да не извести дека човекот е матен. Тој е како лисица, се спасува.
Велиновска е со став дека сега можеле да се распишат избори, Парламентот е формиран, решенијата се потпишани, сега може да се оди на избори.
–Нема шанси Трамп да притиска за промена на името на Македонија. Тоа прашање заборавете го, нема да се занимава со тоа, знае дека е тоа непристојно. Нема да може тоа да го прави. Лобирањето е замрзнато, кога е замрзмато, значи дека и грчкото лоби е замрзнато, рече Велиновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)