Новак Ѓоковиќ ќе мора по најтешкиот пат, преку Давид Ферер до својата евентуална четврта титула на Австралија Опен. Првиот светски рекет денeска го елиминираше Томаш Бердих со 3-1(6-1, 4-6, 6-1, 6-4) и за два дена ќе има реприза од минатогодишното четврфинале со Ферер кој со пресврт и во пет сета беше подобар од сонародникот Николас Алмагро (4-6, 4-6, 7-5, 7-6, 6-2). Ѓоковиќ ги доби сите три нaтпрeвара во 2012.година.
Во преостанатите мечеви од четвртфиналето кај мажите вечерва Федерер игра со Цонга, а Мареј со Шарди.
Марија Шарапова е на само еден чекор до ново Гренд Слем тениско финале и два чекора од петтиот трофеј од големите турнири. Русинката ноќеска потроши само нешто повеќе од еден час за да ја мине без проблеми сонародничката Екатерина Макарова со 6-2, 6-2. Во следниот петти круг во Мелбурн Шарапова в четврток ќе се сретне со На Ли. Кинезинката ја елиминира четвртата носителка Агњешка Радванска со 7-5, 6-3. Шарапова и Ли до полуфиналето во Австралија се сретнале во 12 наврати, а Шарапова води во меѓусебните со 8-4.
Преостанатите четвртфиналени двојки на женскиот дел од Гренд Слемот се во текот на следната вечер, а во нив една екс советска пресметка меѓу Викторија Азаренка и Светлана Кузњецова и една американска меѓу Серена Вилијамс и Слоун Стивенс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


