| четврток, 6 декември 2018 |

„Мој термин“ – повеќе од успешен проект: Македонија е единствената земја која ги намали листите на чекање (ВИДЕО)

Проф. Арне Бјорнберг, раководител на европскиот здравствен потрошувачки индекс, во гостување на телевизијата RTE, националниот сервис во Ирска, говори за македонскиот електронски систем во здравството – МојТермин.

На прашањето што би направил кога би го раководел ирскиот здравствен систем, проф.Бјорнберг истакнува дека првото нешто што би го направил е имплементирање на електронскиот систем во здравството по примерот на МојТермин.

Бјорнберг потенцира дека Македонија е единствена земја која ги намали листите на чекање за закажување прегледи/снимања, со тоа што системот е отворен за секој матичен лекар и секој лекар може по електронски пат да закаже специјалистички преглед или снимање, додека пациентот е се уште во ординацијата.

Проф.Бјорнберг е лидер на проектот “европски здравствен потрошувачки индекс“, како и претседател на организацијата Health Consumer Powerhouse, која од 2005 година врши рангирање на европските здравствени системи во рамки на европскиот здравствен потрошувачки индекс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top