– До сега немаме добиено одговор од Американската амбасада во Македонија, а тоа е загрижувачко прашање па ќе бидеме приморани да превземеме одредени мерки по однос на финансирањето, доколку сме сигурни дека тоа финансирање во суштина не и помага на Македонија туку и одмага, вели во изјава за МРТ Републиканскиот конгресмен од Аризона, Трент Франкс.
– Напорите кои ги правиме за да ги промовираме човековите слобода и права и тоа се нешта во кои ние навистина веруваме. За критиките кои што доаѓаат од вашата земја сме многу благодарни и ние сакаме да ги продолжиме добрите односи со Македонија. Прашањата со кои се соочуваме се сомнителните финансирања на американската мисија, а се поврзани со организации на Џорџ Сорос, се спротивни од нормите и се во што верува Америка. Се обидовме да добиеме поддршка од американскиот Стејт Департмент-Агенцијата за развој, за да дојдеме одговор на прашањето зошто се спроведува ова финансирање кои се спротивни од тоа што се најдобри интереси за Македонија и ја погазува америкаската политика во светот. САД секогаш застанува на страната на слободата и добрата волја и кога ќе видиме дека пари кои биле наменети за да се помогне на Македонија наместо да ги промовораат овие вредности одат на сметка на организации кои ја поддржуваат идејата на Џорџ Сорос и како тој го гледа светот, а неговите вредности не се слобода, газат врз човековите права, вели Франкс.
Конгресменот нагласува дека администрацијата на Обама била многу опуштена по однос на прашањето за финансирање, особено финансирање на левичарските движења, граѓански организации кои, како што вели, навистина воопшто не се борат за слобода.
-Администрацијата на Обама воопшто не се грижеше за ова, но сега новата администрација навистна се грижи за овие прашања. Конгресмени и претставници на новата админстрација ќе се погрижат парите се од американската мисија во Македонија навистина им помогнат на граѓаните, ќе застанат зад слободата и човековите права. До сега немаме добиено одговор од Американската амбасада во Македонија, а тоа е загрижувачко прашање па ќе бидеме приморани да превземеме одредени мерки по однос на финансирањето, доколку сме сигурни дека тоа финансирање во суштина не и помага на Македонија туку и одмага. Ние не сакаме да помагаме во финансирање на насилни протести кои би им наштетиле на граѓаните на Македонија. Сакаме да бидеме сигурни дека помошта која ја даваме без разлика дали е финансиска или дипломатска, помогне во слободата на граѓаните и нивните човекови права, вели Франкс.
Републиканскиот конгресмен нагласува дека веќе имаат направено прелиминарни разговори со генералниот иснпектор како и финсновата канцеларија за тоа што се случува со парите кои ги испраќаат.
-Јасни се индикациити дека дел од парите одат на организациите на Џорџ Сорос, кои во никој случај не помагаат за каузата за човекови права и слободи. Сакаме да сме сигурни дека ќе го смениме тоа што е можно поскоро. Навистина сме загрижени за тоа што пари одат за организации поврзани со Џорџ Сорос веќе подолго време. И тоа не се случува само во Македонија туку низ целиот свет. Џорџ Сорос е закоравен непријател на америкнаските идали за слобода веќе долго време, за нас да се поддржуваат организации кои газат врз америкнаксата политика и идејата за слобода и човекови права за сите е страшна рестрикција на напорите кои ги правиме за тоа да се оствари. Или да се изразам уште подобр, американски пари да одат за организации поврзани со Џорџ Сорос значи да се погазат нашите идеали како американци. Ние застануваме зад човековите права и слободи за сите подеднакво а Џорџ Сорос се покажа дека е непријател на американските идеали за човекови права и слободи. Ние не сакаме да гледаме како американски пари одат во таа, спротивна насока. Со администрацијата на Обама тоа никогаш не беше проблем, воопшто не беше битно колку е левичарска таа организација и како се уништуваат улици преку протести, како се гази врз граѓанското општество. Тоа за нив беше во ред. Но со новата администрација мислам дека тие работи ќе се сменат па да видиме што можеме да направиме за начинот на кој се трошат американските долари, вели Франкс.
Џорџ Сорос, нагласува Франкс, “имаше бенефит од американскиот систем на многу начини, доби многу пари и тој на некој начин заборави дека никој од нас не е бесмртен и дека парите се трошат, па тој одлучи да ги троши парите и неговото време на начини кои ги загрозуваат човековите права и слободи и достоинство“.
-Сакам да се погрижам дека ние нема да му помогнеме во тоа. Сорос тоа го прави насекаде во светот, ја загоруза демократијата, но ние го следиме, знаеме кои се неговите планови и ќе му дадеме јасно до знаење дека ако сака да ги троши своите пари за да ја загрози слободата и човековите права, ние сме тука да го потетиме што му прави на светот. Луѓето како Џорџ Сорос може да ги тиранизираат невините долго време, да финансираат организации кои се за тиранија наместо човечност, но на крај не успеваат добро да ги процент луѓето. Убеден сум дека тоа е така и во неговиот случај. Мојата порака за Македонија е многу едноставана: Америка ве сака, сакаме да уживате во животот да бидете слободни и да имате можност да си ги остварите соништата. Сакаме да направиме се што е во наша моќ за да помогнеме во половата еднаквост, достоинството и се надеваме дека ќе останете за идеалите за слобода затоа што се најзначајни. Сакам да знаат дека ние не сме се обиделе да ги поттиснеме македонските граѓани на било кој начин, сакаме да ја уживате слободата како ние што ја уживаме тука во Америка. Се надевам дека и ние како и вие ќе ја задржите, заклучува Франкс.
Франкс е конресмен веќе 14 години и во својата изборна единица победува со 60 до 76 отсто од гласовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џес Бејли: Решавањето на спорот за името ќе придонесе за стабилноста на регионот
-
Велиновска: Го разбирам Бејли, се надева дека може да избега од пишаното
-
Вечерва официјално потврдено: Покренато обвиниение против Бејли за активностите во Македонија
-
Договорот од Пржино е добра основа за надминување на политичката криза во земјата