Вториот ден на „Ол-Стар“ викендот започна со натпреварувањето за најдобри вештини меѓу НБА ѕвездите. Првата рунда започна со елиминација на Демаркус Казинс, Девин Букер, Џон Вол и Ентони Дејвис.
Во полуфиналните дуели, Кристапс Порзингис го надмудри Никола Јокиќ, а Ајзеа Томас и во третиот пат загуби на чекор од финалето, овојпат од Гордон Хејворд. Во големото финале на крај титулата ја однесе „летечкиот“ Латвиец, Порзингис, кој во неизвесна завршница погоди за секунда побрзо од бекот на Јута Џез.
Иако, ова натпреварување беше воведено специјално за плејмејкерите во лигата, но минатогодишната победа на Карл-Ентони Таунс од Минесота и овогодишната на Порзингис докажаа дека кошаркарските вештини се дел од играта и на центрите во НБА екипите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)