| четврток, 6 декември 2018 |

„Зависноста на Дон Џон“ го освои „Санденс“

Со „Зависноста на Дон Џон“ Џозеф Гордон - Левит го долови светот на вљубениците во порнографијата на интернет, па, „малиот“ од „Третиот камен од сонцето“ стана најголемата ѕвезда по првата недела од Фестивалот на независниот филм „Санденс“

По пр­ва­та не­де­ла од фе­сти­ва­лот „Сан­денс“, во пр­ви­от „бран“ на договори со филмските студија, го­лем по­бед­ник на „Сан­денс“ го­ди­на­ва е ве­те­ра­нот Џо­зеф Гор­дон-Ле­вит.

За ре­жи­сер­ското пр­вен­че „За­вис­но­ста на Дон Џон“ (Don Jon’s Addiction ), за кој што го нашишал и сценариото, а ја игра и главната улога, „Ре­ла­ти­ви ме­ди­ја“ (Relativity Media) понудил не­о­че­ку­ва­ни че­ти­ри ми­ли­о­ни до­ла­ри, до­пол­ни­тел­ни 25 ми­ли­о­ни за мар­ке­тинг и 2.000 про­ек­ции во ле­тниот период.

Тоа е прем­но­гу за ма­ла ин­ди-ко­ме­ди­ја, но фил­мот на Гор­дон- Ле­вит не е баш „Ма­ла­та Мис Сон­цен­це“ (Little Miss Sunshine). На­про­тив, акте­рот од „По­де­мот на тем­ни­от ви­тез“ (Dark Knight Rises) ис­по­ра­чу­ва вул­гар­на ро­ман­тич­на ко­ме­ди­ја, ко­ја га­зи це­ла мил­ја на­пред во шо­ки­ра­ње­то.

Гор­дон- Ле­вит изигрува Ита­ли­ја­нец по тер­кот на „Џер­си Шор“ (Jersey Shore – аме­ри­кан­ско ре­ал­но шоу во про­дук­ци­ја на „Ем-Ти-Ви“) кој што се­ко­ја ноќ по клу­бо­вите ба­ра де­вој­ки за ед­на ноќ, за потоа да се вр­зе со сво­ја­та ви­стин­ска страст – пор­но­гра­фи­ја­та на ин­тер­нет! Се додека не се појави „ултимативната жена“ играна од Скар­лет Јо­хан­сон.

Ко­га То­ни Дан­за се по­ја­ву­ва ка­ко та­тко на Џон, за Гор­дон–Ле­вит не­ма за­пи­ра­ње, а тоа е приз­на­ено и со го­ле­ма­та исп­ла­та од „Ре­ла­ти­ви ме­ди­ја“.

Филмот со хумористичен приод пренесува што се пор­но­графско мо­же да се нај­де на мре­жа­та. Со си­гур­ност фил­мот „За­вис­но­ста на Дон Џон“ во САД ќе би­де обе­ле­жан со мно­гу твр­до „Р“ (не­пре­по­рач­лив за мла­дин­ци под 17 го­ди­ни), додава критиката. Американските критичари го препорачуваат со задршка „Че­кај­те го фил­мот ле­то­во… и вни­ма­вај­те со ко­го ќе го гле­да­те“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top