По првата недела од фестивалот „Санденс“, во првиот „бран“ на договори со филмските студија, голем победник на „Санденс“ годинава е ветеранот Џозеф Гордон-Левит.
За режисерското првенче „Зависноста на Дон Џон“ (Don Jon’s Addiction ), за кој што го нашишал и сценариото, а ја игра и главната улога, „Релативи медија“ (Relativity Media) понудил неочекувани четири милиони долари, дополнителни 25 милиони за маркетинг и 2.000 проекции во летниот период.
Тоа е премногу за мала инди-комедија, но филмот на Гордон- Левит не е баш „Малата Мис Сонценце“ (Little Miss Sunshine). Напротив, актерот од „Подемот на темниот витез“ (Dark Knight Rises) испорачува вулгарна романтична комедија, која гази цела милја напред во шокирањето.
Гордон- Левит изигрува Италијанец по теркот на „Џерси Шор“ (Jersey Shore – американско реално шоу во продукција на „Ем-Ти-Ви“) кој што секоја ноќ по клубовите бара девојки за една ноќ, за потоа да се врзе со својата вистинска страст – порнографијата на интернет! Се додека не се појави „ултимативната жена“ играна од Скарлет Јохансон.
Кога Тони Данза се појавува како татко на Џон, за Гордон–Левит нема запирање, а тоа е признаено и со големата исплата од „Релативи медија“.
Филмот со хумористичен приод пренесува што се порнографско може да се најде на мрежата. Со сигурност филмот „Зависноста на Дон Џон“ во САД ќе биде обележан со многу тврдо „Р“ (непрепорачлив за младинци под 17 години), додава критиката. Американските критичари го препорачуваат со задршка „Чекајте го филмот летово… и внимавајте со кого ќе го гледате“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


