Братот на екс-пратеникот од СДСМ Есад Рахиќ, Сеад Рахиќ и неговата криминална група кои беа уапсени вчера вечер, попладнево се изведени пред Суд. Сеад Рахиќ е уапсен под сомнение дека продавал кокаин заедно со уште 4 лица.
Порталот Телеграф објави видео како Рахиќ и останатите со лисици на рацете беа спроведени во судот и по распитот кај истражен судија треба да се знае дали ќе им биде одреден притвор.
Основното јавно обвинителство и МВР вчера извршиле акција за гонење на група која што вршела нелегална трговија со дрога, соопшти обвинителството. Акцијата била спроведена против на повеќе локации и во повеќе населени места при што се откриени наркотици и лишени се од слобода три лица. Во тек е целосното документирање на случајот по што јавноста ќе биде информирана за понатамошниот тек на постапката и преземените дејствија“ соопштуваат од обвинителството.
Имено во текот на 2016 и 2017 година криминална група организирана од Сеад Рахиќ која делувала на подрачјето на град Скопје и надвор од градот, продавала наркотична дрога кокаин за цена од 3000-4500 денари за една паковка. Кокаинот е набавуван од непознато лице Србија во помали количина, со цел полесен и побезбеден транспорт на наркотичната дрога.
Од страна на Сеад како организатор на групата биле ангажирани Дејан М. и Миќи З., кои го продавале кокаинот на нарко зависници, кои по продажбата редовно го известувале Сеад за паричните сретства кои се добиени. Исто така утврдено е дека лицето Маријан (викан Мака) исто така посредува во вршењето на продажбата на наркотична дрога кокаин, на начин кога има потреба за продажба на дрога, го известува Сеад и ја врши продажбата, а дел од парите ги задржува за себе.
При преземените мерки и активности во однос на извршените претреси, пронајдени и со потврда од домот на Рахиќ одземени се 1 полиетиленска паковка со бела прашкаста материја, 50 куршуми 9мм, 1 ПМВ Голф 5 и 3 мобилни телефони.
Во текот на денот од страна на ОКТИВ ќе биде извршено вештачење на предметите пронајдени при претресите, а до надлежното ЈО ќе биде поднесена кривична пријава против лицата по чл 215 чл 396 од КЗ.
Инволвираните во операцијата меѓу себе акцијата ја викале „Сеткобар“ заради имиџот што го имал братот на поранешниот пратеник на СДСМ, Есад Рахиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)