Одлука на партиите е каква влада ќе оформат откако изборите на 11 декември донесоа исклучително тесен резултат, вели амбасадорот на САД во Макеоднија Џес Бејли во ексклузивно интервју за „Сител“. Според него, преговорите за обезбедување мнозинство е нормална пракса во парламентарните демократии. За САД е приоритет идната влада да биде посветена на потребните итни реформи.
– Дали ќе се формира нова влада ќе зависи од 61 пратеник во Собранието. Ќе мора нив да ги прашате за тоа. Но, мојата анализа на ситуацијата е следната. По целиот процес имавте избори на 11 декември на кои имаше висока излезност и од кои произлегоа тесни резултати помеѓу партиите. Ова беа можеби најтесните избори во Македонија. Сега имате задача да преминете од избори на нова влада. Затоа партиите, различните политички опции се обидуваат да состават коалиции со кои ќе владеат и ќе ја придвижат земјата напред. Што се однесува до меѓународната заедница. Ние потенциравме, и други амбасадори потенцираа исто што и Комесарот Хан- од наша перспектива она што е важно е новата влада да работи кон исполнување на реформите кои беа утврдени со договорот од Пржино, ургентната листа на реформи од извештајот на Прибе, тоа го очекуваме од владата. Предизвикот кој постои во моментов да се обезбеди мнозинство во Собранието, не е невообичаена ситуација за една парламентарна демократија, но во некои случаи ќе бара да не се спроведува политика во која едната страна ќе наметнува нешто, ќе се заканува, а другата страна ќе бојкотира. Таквата политика нема да ве однесе од оваа ситуација кон реформската агенда која мислам дека граѓаните на оваа земја ја поддржуваат – рече Бејли за „Сител“.
Тој не сака да навлегува во коментирање на опцијата која ја предлага ВМРО-ДПМНЕ за одење на нови избори ниту пак можноста за формирање широка влада од сите партии која ја заговараа некои политичари. Сепак прашува- кој може да знае дали нови избори би донеле поинакви резултати?
– Не е мое да одлучам која опција е вистинската. Партиите ќе мора да го направат тоа. Било која одлука, дали да се оди на владина широка коалиција или нови избори ќе бара поддршка од 61 пратеник. Јас како пријател би посочил дека нови избори не мора да донесат поинакви резултати. На Телма пред неколку дена се емитуваше анкета која покажа дека граѓаните не се толку заинтересирани за нови избори. Па сметам дека предизвикот е да се владее со резултатите кои ги имаме и да видиме каде тоа ќе води. Јас не знам како ќе биде но одлуката зависи од Собранието – изјави американскиот амбасадор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Тарик Филиповиќ: Жив актер на сцената сѐ уште е мамка за луѓето да доаѓаат во театар
-
Бучковски: Голем предизвик е да се биде амбасадор во САД, но не сум разговарал ниту со премиерот, ниту со Димитров