| четврток, 6 декември 2018 |

Атрактивната Јулија Гергес елиминирана, Ролан Гарос загуби на убавина (фото)

Атрактивната Германка Јулија Гергес загуби на стартот на гранслем-турнирот во Париз, а подобра од неа на популарниот Ролан Гарос беше словачката тенисерка Жужана Куцова. Таа направи изненадување во 1. коло на турнирот и со 2-0 во сетови ја елиминира 24. носителка од Германија.

Gerges 5

Првиот сет донесе многу возбудувања, а аутсајдерката Куцова го доби во тај-брејк со 10-8 во поени. Тоа и даде сигурност на 30-годишната тенисерка од Словачка, па вториот сет беше само формалност. Гергес ја „снема“ од теренот на Ролан Гарос и противничката не ѝ дозволи да освои ниту еден гем, за елиминација на атрактивната Германка со 6-7, 0-6.

Gerges 4

Во следната рунда Куцова ќе игра со домашната претставничка Вирџини Рацано.

gerges 2

 

За Гергес највисок дострел на земјените терени во Париз останува пласманот во третото коло, што го оствари  двапати, во 2011 година и лани.

Gerges 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top