| четврток, 6 декември 2018 |

Албанските партии допрва ќе формираат тело за Законот за употреба на албанскиот јазик

Албанските партии допрва ќе формираат тело за Законот за употреба на албанскиот јазик е заклучокот на денешната средба на ДУИ и Алијансата за Албанците, на која не учествуваше третиот потписник на Платформата, Беса.

-Уставот треба да се отвори, и тоа не само за овој закон, туку и за други закони предвиеди со Охридскиот договор. Договорено е албанските партии да формираат ново тело од по двајца партиски претставници во рок од три дена, кое ќе работи на Предлог-закон за употреба на албанскиот јазик, од што не отстапуваат, изјави лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, кој два часа разговараше со Ахмети и други партиски претставници, објави Канал 5.

Села рече дека во новото тело треба да учествуваат по двајца членови од партиите потписнички на Платформата. Тоа треба да ги усогласи ставовите и да го предложи законот за јазиците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top