Светската метеоролшка организација соопшти денеска дека нивото на мразот на Арктикот е на најниско ниво во последните 38 години по појавата на глобалното затоплување.
– Зголемувањето на глобалните температури не престанува, поради што на Арктикот е регистрирано исклучително топло време и рекорно ниски количества на мраз за овој период од годината, се наведува во соопштението на Светската метеоролшка организација.
Просечниот опсег на мразот минатиот месец изнесувал 13,38 милиони километри квадратни, што е околу 260.000 километри квадратни помалку од минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.