Научниците откриле 28 неутрино честички кои ги детектирала специјалната опсерваторија „АјсКјуб“ на Антарктикот.
Ова откритие е важно за физичарите кои сметаат дека пред нас се наоѓа „нова ера на астрономијата“ , кое ќе доведе до ново сфаќање на мистериозните феномени во универзумот како што се вселенските зраци.
„Во прашање е големо откритие. Мислам дека тоа е едно од најголемите откритија во физиката. Тоа е голема работа, дури и за Нобеловата награда за настанувањето на светот“, изјавил физичар од Универзитетот Ерланген-Нуремберг во Германија.
Откриените неутринo имаат милион пати повеќе енергија од оние што се емитуваат од Сонцето.
Неутрините се многу лесни и речиси да не поседуваат маса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.