| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен конкурс за работници на Арктикот и Антарктикот: Столари, пекари и – жени

Научниот институт на Пол-Емил Виктор објави јавен конкурс за 40 работни места во своите шест бази на Арктикот и Антарктикот. Услов е познавање на француски јазик, а потребни се хемичари, столари, пекари, слаткари и други професии.

„Научници секогаш се јавуваат, но хронично ни фалат механичари или разни инженери, бидејќи луѓето не знаат за нас“, вели еден од одделенските директори на институтот, Андре Ле Марек.

Тој би сакал да има повеќе жени во нивните поларни бази. Сега има само шест од 30-те луѓе што во моментов ги имаат. Потенцијалните кандидати ќе мора да поминат и ригорозен медицински преглед.

„Треба да бидат физички подготвени за таква мисија, исто така и психолошки подготвени да живеат во мали групи во изолирани области под услови кои понекогаш може да бидат екстремни“, вели Ле Мар.

На пример, во базата Конкордија на Антарктикот зимските температури може да паднат до минус 80 Целзиусови степени.

„Во зима, нема враќање во својата земја“, се предупредува во конкурсот за работа.

Конкордија е една од трите постојани научни бази во внатрешноста на Антарктикот, едно од најнегостољубивите места на Земјата.

„Не сите во сите бази температурите толку екстремни“, објаснува Ле Марк, додавајќи дека во граничните во лето може да работат и во маица.

 

извор: http://text.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top