| четврток, 6 декември 2018 |

Божиновска: ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страната на националните интереси на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ стои секогаш на страната на благоглаголивиот говор, страната на политиката на македонскиот говор, јазик, ние никогаш не навредуваме, изјави Валентина Божиновска, за ТВ Нова, претседател на комисијата за односи меѓу верските заедници зборувајќи за говорот на омраза што се шири низ социјалните мрежи.

-Додека тепаа и ги уништуваа спомениците, ние бришевме. Додека нè ставаа во сандаците – молчевме, додека ги носеа крстовите на лидерот на нашата партија – молчевме, додека се дрзнаа да јадат живи луѓе – исто така молчевме. Додека Пендаровски го навредуваше македонскиот народ и велеше дека се стока и ѓубре, повторно молк. Ние никогаш нема да говориме со говорот на омраза и секогаш ќе бидеме на страната на националните интереси во Република Македонија, изјави Божиновска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top