| четврток, 6 декември 2018 |

Работничка нашла 100 000 долари во стар телевизор, а шокот следи после тоа! (Видео)

Возрасен човек (68) од Канада бил многу изненаден кога властите му вратиле 100 000 долари во кеш, кои ги нашле во стар телевизор.

Работничка во фабрика за рециклажа ги пронашла парите минатиот месец во телевизор кој бил предвиден за рециклажа и веднаш повикала полиција.

Властите откриле дека парите биле изгубено наследство на еден човек.

Парите биле скриени во една кутија заедно со документи, што им помогнало на властите да го најдат сопственикот.

Човекот и рекол на полицијата дека заборавил на парите кога го дал телевизорот на еден пријател, пренесува CTV News.

Парите ги сокрил пред 30 години и биле наменети за членовите на семејството како наследство. Компанијата и се заблагодарила на работничката на фабриката на искреноста.

„Таа е претставник на нашите работници и ваквото однесување го очекуваме од сите наши вработени“, рекол потпретседателот на фабриката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top