| четврток, 6 декември 2018 |

Германија: Препорака да се уништат куклите „Кајла“

Агенцијата за надзор на телекомуникации во Германија издаде предупредување до родителите да ги уништат куклите „Кајла“ поради можност да бидат хакирани и со тоа да се случи и кражба на лични податоци.

Според нив, хакер може да искористи небезбеден блутут уред што се наоѓа во куклата и да прислушува.

Производителот „Џенесис“ засега не соопшти ништо во врска со предупредувањето.

Куклата „Кајла“ може да одговара на одредени прашања на корисникот кога е приклучена на интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top