Глобално најпродаван автомобил во 2016 година е Фордовиот пик-ап F-Series, додека на второ место е Тојота Корола. Неприкосновениот европски лидер е VW Голф, се наоѓа дури на третото место, покажуваат податоците од 52 најголеми светски пазари кои ги објави JATO Dynamics.
Годината која е зад нас беше глобално успешна за автомобилската индустрија, со оглед на тоа дека на купувачите им биле испорачани за 5,6 отсто повеќе возила од 2015 година, наведува Б92.
Анализата на 52 доминантни светски пазари (продажбата во преостанатите земји на светот е бројно занемарлива) покажува дека од 84,24 милиони автомобили убедливо најмногу се продадени во Кина, дури 25,53 милиони, со годишен раст од 14,2 отсто.
На второ место се САД со стабилна продажба (+0,4 отсто) од 17,55 милиони. Јапонија е трета со 4,90 милиони, Германија четврта со 3,60, а Индија е на пето место по продажбата со 3,32 милиони нови регистрирани возила.
Кога станува збор за најбараните модели на светот, наведениот Форд F-Series, благодарение пред се на интересот кај купувачите во северна Америка е продаден во 986.660 примероци.
Ширум светот во 2016 година испорачани се 952.576 возила Тојота Корола, а Фолксваген Голф во 859.845 примероци, од кои повеќе од половината завршиле кај европските купци.
Од моделите кои можат да се набават и на нашиот пазар, Нисан X-Trail се пласираше на пето место со 766.893 возила, додека Хјундаи Елантра 6 со 765.996 возила, а Форд Фокус 7 со 732.893 продадени автомобили.
Меѓу првите десет се и два SUV модела на Хонда, HR-V (724.769) и CR-V (707.890), како и Тојота RAV4, која во 2016 година е продадена во светот во 701.756 примероци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште една европска метропола ги забранува старите автомобили
-
Неверојатни сцени: Поплава ги однесе сите џипови од салонот за автомобили, штетата е милионска
-
Фирмата „Деклус-ауто“-донатор на СДСМ повторно доби тендер за возила
-
Џенерал Моторс ќе користи 3-Д печатачи за производство на автомобилски делови