| четврток, 6 декември 2018 |

Цуцуловски: Македонија може да се сочува само со официјален македонски јазик

Не смее да се заборави дека јазикот не е само знак за нечиј национален идентитет, туку тој е и средство за општење, за меѓусебна комуникација. Нужно е да постои нешто како лингва франка. Инаку сѐ ќе заврши во хаос, вели професорот Цуцуловски

Нај­гор­ли­во е тоа што, всуш­ност, за фор­ми­ра­ње вла­да, од­нос­но вла­ди­на пла­тфор­ма, се­га ос­но­ва­та не е на ВМРО-ДПМНЕ ка­ко најм­но­гу­број­на, на СДСМ ка­ко след­на, ту­ку на ДУИ. Всуш­ност, од­над­вор гле­да­но, ман­да­тар е ДУИ. Ако се сог­ла­су­ва­те со оваа кон­ста­та­ци­ја, пр­во ка­ко ги оце­ну­ва­те ба­ра­ња­та во неа и ка­ко стиг­нав­ме таа пла­тфор­ма да би­де прет­ста­ве­на ка­ко „ид­ни­на­та“?

ЦУЦУЛОВСКИ: Пра­шу­ва­те ка­ко се стиг­на до тоа пла­тфор­ма­та на ал­бан­ски­те пар­тии да прет­ста­вувa, за не­кои, единс­твен пат кон ид­ни­на­та. Ме­ѓу­тоа, су­штин­ско­то пра­ша­ње е кон чи­ја ид­ни­на. На Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и на си­те неј­зи­ни гра­ѓа­ни или са­мо на еден мал дел од одре­де­на ет­нич­ка за­ед­ни­ца? Оваа пла­тфор­ма ста­на до­ми­нант­на, од­нос­но ѝ се на­мет­на на ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка јав­ност по­ра­ди не­сфат­ли­ви­от раз­дор ме­ѓу две­те ма­ке­дон­ски пар­тии. Та­ка, 20 пра­те­ни­ка ста­наа по­моќ­ни од 100 пра­те­ни­ка. Ова е да­ле­ку од умот, но е бли­ску до тра­гич­на­та пра­кти­ка, спо­ред ко­ја мо­ра да се ко­а­ли­ци­ра со не­ко­ја од ал­бан­ски­те пар­тии – нај­че­сто по­бед­нич­ка­та. Се­га, ток­му оваа пра­кти­ка ѝ се уди­ра од гла­ва на ВМРО-ДПМНЕ. Утре, во не­ко­ја дру­га си­ту­а­ци­ја, ќе му се удри од гла­ва и на СДСМ. Ед­но­став­но, ба­рем спо­ред мо­е­то мис­ле­ње, се не­ма ум за по­дол­го­роч­на ви­зи­ја за др­жа­ва­та, ка­ко и за ин­те­ре­сот на си­те неј­зи­ни гра­ѓа­ни.

 

Мно­гу се спо­ме­ну­ва евен­ту­ал­на ал­ба­но­фо­би­ја, а ако ги има­ме овие ко­а­ли­ции пред­вид, со си­те за­фа­ти за спро­ве­ду­ва­ње на Рам­ков­ни­от до­го­вор, мож­но ли е ма­ке­дон­ско- ма­ке­дон­ски­от конф­ликт со раз­го­во­ри­те, сце­но­гра­фи­и­те и ко­сти­мо­гра­фи­и­те на СДСМ и на СОРОС ве­штач­ки да ја на­мет­наа таа пер­цеп­ци­ја за „ал­ба­но­фо­би­ја на ВМРО-ДПМНЕ“?

ЦУЦУЛОВСКИ: Мис­лам де­ка иде­ја­та за по­сто­е­ње не­ка­ква ал­ба­но­фо­би­ја не поч­ну­ва ни­ту со Со­рос, ни­ту со СДСМ. Неа ја има­ше уште во СФРЈ, ко­га Ал­бан­ци­те имаа сѐ, вклу­чу­вај­ќи и Ака­де­ми­ја на на­у­ки­те и на умет­но­сти­те на Ко­со­во. Но, мо­ра­ше да се ра­ши­ри иде­ја­та за по­сто­е­ње ал­ба­но­фо­би­ја за да се соз­да­де чув­ство на ви­на кај ју­гос­ло­вен­ски­те на­ро­ди – осо­бе­но кај Ср­би­те и кај Ма­ке­дон­ци­те. Цел­та бе­ше по­лес­но да ос­тва­ри иде­ја­та за го­ле­ма Ал­ба­ни­ја. Со соз­да­де­но­то чув­ство на ви­на тоа мо­же­ше да се ос­тва­ри по­лес­но би­деј­ќи тој што чув­ству­ва ви­на се тру­ди да ја ис­пра­ви „ви­на­та“ што, на­вод­но, ја на­пра­вил. Па­тем, врз чув­ство­то на ви­на се ба­зи­ра­ат си­те ре­ли­гии. Пре­ку ова чув­ство по­лес­но се ма­ни­пу­ли­ра со лу­ѓе­то. Де­нес, на ова ве­штач­ки пре­диз­ви­ка­но чув­ство на ви­на, се на­до­вр­зу­ва­ат и не­кои дру­ги стру­кту­ри – Со­рос и де­ло­ви од СДСМ би­деј­ќи не ве­ру­вам де­ка по­го­ле­ми­от дел од членс­тво­то на СДСМ ја де­ли оваа иде­ја. Но, ко­га сме око­лу фо­би­и­те, би го­во­рел за по­сто­е­ње­то сло­ве­но­фо­би­ја и ма­ке­до­но­фо­би­ја, кои, на­па­ти, се гра­ни­чат со сло­ве­но­ми­зи­ја и со ма­ке­до­но­ми­зи­ја. При­мер за ма­ке­до­но­ми­зи­ја е раз­не­су­ва­ње­то со експ­ло­зив на две чо­веч­ки су­штес­тва (2001) вр­за­ни за стол­бо­ви­те од мо­те­лот „Бри­о­ни“ во Че­ло­пек. Нив­на­та ви­на бе­ше са­мо во тоа што беа Ма­ке­дон­ци. Да­ли не­кој од ОНА, на при­мер Али Ах­ме­ти, се из­ви­ни за ова; да­ли ги по­се­ти нив­ни­те се­мејс­тва, нив­ни­те де­ца? Или, мо­же­би, омра­за­та сме­та де­ка не­кои су­штес­тва и мо­жат да се раз­не­су­ва­ат, без пар­дон? По­тоа, се го­во­ри за ал­ба­но­фо­би­ја! Тоа е по­ве­ќе од ци­нич­но.

 

Во оваа на­со­ка, во пла­тфор­ма­та се ба­ра из­ви­ну­ва­ње за ге­но­ци­дот врз Ал­бан­ци­те и тоа за пер­и­од ко­га низ ма­ке­дон­ски­те те­ри­то­рии пу­сто­ше­ле Џе­мо Ха­са и ба­ли­сти­те? Мож­но ли е до тол­ку да се прот­ну­ва­ат „сле­пи“ на­со­ки, за­ед­но со ба­ра­ња­та за СЈО, во ед­на пла­тфор­ма што е, пред сè, осво­ју­вач­ка, и е ба­ра­ње за са­мо­пре­да­ва­ње на те­ри­то­ри­ја без бор­ба?

ЦУЦУЛОВСКИ: Тре­ба да се има пред­вид де­ка та­ка­на­ре­че­на­та пла­тфор­ма е са­мо про­дол­же­ние на Пла­тфор­ма­та за ре­ша­ва­ње на ал­бан­ско­то на­ци­о­нал­но пра­ша­ње, изра­бо­те­на од Ал­бан­ска­та ака­де­ми­ја на на­у­ки во Ти­ра­на во 1998 го­ди­на. Таа е са­мо про­дол­же­ние на иде­и­те од При­зрен­ска­та ли­га, фор­ми­ра­на во 19 век. Зна­чи, ста­ну­ва збор за кон­ти­ну­и­тет. Се ба­ра из­ви­ну­ва­ње за из­вр­шен ге­но­цид? Од ко­го и над ко­го из­вр­шен ге­но­цид? Со­вре­ме­на­та ма­ке­дон­ска др­жа­ва на­ста­ну­ва 1945 го­ди­на. Ка­ко ед­на не­по­стој­на др­жа­ва мо­же за што би­ло да од­го­ва­ра, вклу­чу­вај­ќи и не­ка­ков ге­но­цид од вре­ме­то на бал­кан­ски­те вој­ни? По­на­та­му, кој стра­да­ше и кој бе­ше под оку­па­ци­ја во пер­и­о­дот 1941-1945 го­ди­на, ко­га фа­шиз­мот ка­пи­ту­ли­ра­ше? Се­ка­ко де­ка тоа не беа Ал­бан­ци­те, ту­ку Ма­ке­дон­ци­те од за­пад­ни­от дел на Ма­ке­до­ни­ја, кој во тој пер­и­од бе­ше под ита­ли­јан­ска оку­па­ци­ја, а ад­ми­ни­стра­ци­ја­та ѝ бе­ше до­ве­ре­на на фа­ши­стич­ка­та вла­да во Ти­ра­на. Зна­чи, го по­ста­ву­вам пра­ша­ње­то кој ќе од­го­ва­ра за зло­сторс­тва­та што би­ле пра­ве­ни од па­ра­во­е­ни­те ал­бан­ски стру­кту­ри врз Ма­ке­дон­ци­те за вре­ме на Вто­ра­та свет­ска вој­на. Но, не смее да се за­бо­ра­ви де­ка од овие па­ра­во­е­ни стру­кту­ри стра­да­ле и мно­гу Ал­бан­ци. И ним след­бе­ни­ци­те на овие стру­кту­ри тре­ба да им се из­ви­нат, ка­ко што тре­ба да им се из­ви­нат и на си­те што жи­ве­е­ле на про­сто­рот за­пад­но од ли­ни­ја­та Груп­чин – Под­мо­ље: Тур­ци, Ма­ке­дон­ци мус­ли­ма­ни, Вла­си, про­те­ра­ни Ср­би итн.

Ljubomir-Cuculovski-int233-2

Се­та кри­за, еви­дент­но на­мет­на­та од над­вор за да го по­де­ли оп­штес­тво­то и да го на­ма­ли вли­ја­ни­е­то на ВМРО-ДПМНЕ, ја отво­ри мож­но­ста не са­мо за пла­тфор­ма од Ти­ра­на, зад ко­ја се ве­ру­ва де­ка сто­јат дру­ги цен­три на моќ; ту­ку ја отво­ри и бал­кан­ска­та куј­на – да се по­тсе­ти­ме на ста­во­ви­те на еден бу­гар­ски пре­тсе­да­тел; грч­ки ми­ни­стри и офи­ци­јал­ни ли­ца; срп­ски ми­ни­стри. Одед­наш ду­ри и на сме­тки за па­та­ри­на се вра­ти ФИРОМ итн. Ли­ца што се за­ла­га­ат за но­ви гра­ни­ци се ја­ви­ја и од Лон­дон и од САД. Мо­же ли да се по­со­чи чие е ова мас­ло? Ве­ру­ва­те ли де­ка е ос­мис­ле­но сце­на­рио или са­мо се над­гра­ду­ва по кри­за­та?

ЦУЦУЛОВСКИ: Не би ре­кол де­ка ток­му се­та кри­за е на­мет­на­та од­над­вор би­деј­ќи оваа те­за имп­ли­ци­ра де­ка ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво е иде­ал­но, а не­кој од над­вор ја ури­ва оваа прет­по­ста­ве­на иди­ла. Но, де­ка и од­над­вор се ме­ша­ат е по­ве­ќе од си­гур­но, ка­ко што е си­гур­но де­ка не е доз­во­ли­во кој би­ло од над­вор да се ме­ша. Јо­сип Броз не на­праз­но ин­си­сти­ра­ше де­ка е не­доз­во­ли­во над­во­реш­но ме­ша­ње во вна­треш­ни­те ра­бо­ти на ко­ја би­ло зем­ја. Е, се­га, ви­стин­ско­то пра­ша­ње е ко­му се­то ова му е по­треб­но? Се го­во­ри де­ка источ­ни­от дел од Ма­ке­до­ни­ја ќе се прик­лу­чел кон Бу­га­ри­ја. Бу­га­ри­ја и та­ка не знае што да пра­ви со „сво­и­те“ Ма­ке­дон­ци, па им тре­ба­ме уште и ние. Исто та­ка, Бу­га­ри­ја не знае што да пра­ви со 10 про­цен­ти Тур­ци, со око­лу 150.000 По­ма­ци и со нај­мал­ку пет про­цен­ти Ро­ми. Евен­ту­ал­но­то прик­лу­чу­ва­ње на дел од Ма­ке­до­ни­ја кон Бу­га­ри­ја ќе би­де исто тол­ку го­ле­ма тра­ге­ди­ја за Бу­га­ри­ја, кол­ку што ќе би­де и за Ма­ке­до­ни­ја. Во таа но­во­соз­да­де­на мон­струм-др­жа­ва вед­наш ќе се акти­ви­ра ма­ке­дон­ски­от се­це­си­о­ни­зам, ка­ко ре­зул­тат од ане­кти­ра­ње­то. Не е иск­лу­че­но да се по­ја­ви и тур­ски се­це­си­о­ни­зам, осо­бе­но ако од Тур­ци­ја на­сил­но се од­вои дел за соз­да­ва­ње курд­ска др­жа­ва. Да­ли на Ср­би­ја ѝ од­го­ва­ра спо­ју­ва­ње на дел од Ма­ке­до­ни­ја?
Ср­би­ја, све­де­на на по­тес­на Ср­би­ја, со проб­ле­ми­те што ги има во Ко­со­во и со дел од Ун­гар­ци­те во Вој­во­ди­на, не знае ка­де ѝ гла­ва­та, па уште Ма­ке­до­ни­ја ѝ тре­ба. Гр­ци­ја со де­це­нии не знае што да пра­ви со Ма­ке­дон­ци­те од егеј­ски­от дел, се пла­ши што ќе би­де со Ал­бан­ци­те во Че­ме­ри­ја (Ча­мри­ја), од си­те стра­ни ја бло­ки­ра­ат бе­гал­ци­те и се­га уште и ние, вар­дар­ци­те, сме ѝ по­треб­ни. Мо­же­би по­дел­ба­та на Ма­ке­до­ни­ја ѝ од­го­ва­ра на иде­ја­та за го­ле­ма Ал­ба­ни­ја? Не смее да се изу­ми де­ка Ал­ба­ни­ја е во ла­тент­на ме­ѓу­ал­бан­ска вој­на ме­ѓу се­ве­рот и ју­гот. Са­мо мо­же да се прет­по­ста­ви што ќе се слу­чи ако дој­де де­нот до соз­да­ва­ње на та­ка­на­ре­че­на го­ле­ма Ал­ба­ни­ја. Ду­ри то­гаш ќе се раз­го­ри ме­ѓу­ал­бан­ска­та вој­на би­деј­ќи ќе се по­ста­ви пра­ша­ње­то кој кон ко­го ќе се прик­лу­чи: Ти­ра­на кон При­шти­на, При­шти­на кон Ти­ра­на или обе­те кон Те­то­во? И кој ќе ја ра­ко­во­ди таа па­ра­др­жа­ва: Ах­ме­ти, Та­чи, Бе­ри­ша…? Ед­но­став­но, Ал­ба­ни­ја ќе про­пад­не на де­нот на неј­зи­но­то обе­ди­ну­ва­ње. Ед­но­став­но, че­ти­ри­те вол­ци, за кои не­ко­гаш се го­во­ре­ше, де­нес се иску­ба­ни, не­моќ­ни. Зна­чи, оваа иде­ја за по­дел­ба на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја дој­де пр­во од Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, а пред не­кој ден и од аме­ри­кан­ски­от кон­грес­мен Деј­на Ро­рабejкер, е на­мет­на­та и во­ди кон де­ста­би­ли­за­ци­ја на Бал­ка­нот. Со не­го­ва де­ста­би­ли­за­ци­ја ќе дој­де до де­ста­би­ли­за­ци­ја на Евро­па, ко­ја и без ова е до гу­ша во проб­ле­ми. Пра­ша­вте кој стои зад се­то ова. Стои тој ко­му не му од­го­ва­ра ста­бил­на, еко­ном­ски раз­ви­е­на Евро­па, Евро­па што би се про­те­га­ла, ка­ко што се за­ла­га­ше уште Де Гол, од Ат­лан­тик, па сѐ до Урал. Ако се ос­тва­ри тоа, тоа ќе ста­не не­чиј кош­мар. Ве­ќе во са­мо­то пра­ша­ње за тоа ко­му се­то ова му од­го­ва­ра (де­ста­би­ли­за­ци­ја на Евро­па и неј­зи­но про­те­га­ње до и зад Урал) се на­о­ѓа од­го­во­рот. Евро­па, си­гу­рен сум, не го са­ка тоа. То­гаш, ова му од­го­ва­ра на тој ко­му не му од­го­во­ра моќ­на Евро­па – во еко­ном­ска и во кул­тур­на смис­ла. Сла­ба Евро­па, исто та­ка, од­го­ва­ра на ин­ста­ли­ра­ни­те, вмет­на­ти стру­кту­ри во европ­ски­те ин­сти­ту­ции. Тоа е неј­зи­ни­от хи­пер­тро­фи­ран би­ро­крат­ски апа­рат, кој е па­ра­зит и сво­ја­та ег­зи­стен­ци­ја ја на­о­ѓа во ве­штач­ко пре­диз­ви­ку­ва­ње кри­зи. Та­ка, Евро­па се ури­ва и од­на­тре, а не са­мо од над­вор.

 

Ако се гле­да та­ка де­ка тие стру­кту­ри са­ка­ат да ги за­тво­рат пра­ша­ња­та на Бал­ка­нот, ама во на­со­ка на „ста­би­ли­за­ци­ја “ на Евро­па; мно­гу е про­ѕир­на игра­та – Ма­ке­до­ни­ја да се фе­де­ра­ли­зи­ра со но­во име при­фат­ли­во за Гр­ци­ја. Ма­ке­дон­ци­те ги сне­му­ва од кар­та­та, освен ка­ко на­род, дел од фе­де­ра­ци­ја, и, исто ка­ко што беа во Ју­гос­ла­ви­ја, тоа по­втор­но е при­фат­ли­во за Гр­ци­ја, па и за Бу­га­ри­ја. Ги сне­му­ва ма­ке­дон­ски­те сим­бо­ли сон­це­то, ла­вот, освен ка­ко „кан­то­нал­ни оз­на­ки“, а и спо­ред се­ал­бан­ска­та пла­тфор­ма, др­жа­ва­та би до­би­ла но­ви, мул­ти­кул­тур­ни оз­на­ки. Со тоа, ќе се вле­зе во НАТО, а ЕУ ќе ги отво­ри вра­ти­те. Ал­бан­ци­те ќе се обе­ди­нат „европ­ски, без гра­ни­ци“ (про­цес поч­нат со со­ра­бо­тка на оп­шти­ни­те од три­те др­жа­ви). Др­жа­ва­та со но­во име ќе „функ­ци­о­ни­ра“ про­фор­ма, а Ма­ке­дон­ци­те ќе оста­нат под ки­ри­ја. Има ли ова ло­ги­ка, и мо­же ли да се из­ве­де без су­дир?

ЦУЦУЛОВСКИ: Кол­ку што сум за­гри­жен за ид­ни­на­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, тол­ку сум за­гри­жен и за суд­би­на­та на Евро­па. Ако дој­де до гу­бе­ње, про­па­ѓа­ње на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, ако дој­де до неј­зи­на фе­де­ра­ли­за­ци­ја и от­це­пу­ва­ње на одре­де­ни неј­зи­ни де­ло­ви, не мо­же ли тоа да би­де „до­бар“ по­вод и за не­кои дру­ги от­це­пу­ва­ња? На при­мер, Кор­зи­ка да се от­це­пи од Фран­ци­ја, Ба­скиј­ци­те од Шпа­ни­ја. По­тоа, да се от­це­пи и Ка­та­ло­ни­ја? Во Обе­ди­не­то­то Кралс­тво да се по­вто­ри ре­фе­рен­ду­мот во Шкот­ска и Шкот­ска да се од­вои од царс­тво­то итн. И, еден ден, на­ед­наш мо­же да сфа­ти­ме де­ка ја не­ма Евро­па, ба­рем не та­ква ка­ква што ја зна­ев­ме. То­гаш ка­де и со ко­го ќе се обе­ди­ну­ва­ат Ал­бан­ци­те? Све­сен сум де­ка мо­е­то ука­жу­ва­ње на ва­кво сце­на­рио (рас­па­ѓа­ње на ЕУ) не­ко­му зву­чи ка­ко на­луд­ни­ча­ва фан­та­зи­ја. Но, да не за­бо­ра­ви­ме кол­ку ра­бо­ти се слу­чи­ја, кои не­ко­гаш ни изг­ле­даа фан­та­стич­ни. Кој мо­же­ше да го пред­ви­ди рас­па­дот на СССР и на Цр­ве­на­та ар­ми­ја, со кои во САД ги зас­пи­ваа де­ца­та, ме­сто со страш­ни­от волк од Цр­вен­ка­па. СССР и Цр­ве­на­та ар­ми­ја ги не­ма и тоа без истре­лан кур­шум. Се­то тоа се слу­чи за вре­ме­то на Гор­ба­чов (ми­ли­от Гор­би!) и на Ел­цин. Да­ли не­кој то­гаш се сом­не­ва­ше во нив, да­ли не­кој мис­ле­ше де­ка се вмет­на­ти игра­чи? Не. Кој га­ран­ти­ра де­ка де­нес Евро­па не ја упра­ву­ва­ат но­ви Јел­ци­ни, Гор­ба­чо­ви? Ко­неч­но, зар не е се­ри­о­зен ин­ди­ка­тор бе­гал­ска­та кри­за во Евро­па? Се го­во­ри де­ка до­пр­ва ќе при­стиг­нат уште 20 ми­ли­о­ни бе­гал­ци. Ако тоа е са­мо приб­лиж­но точ­но, то­гаш ѓа­во­лот ја од­нел игра­та.

Ljubomir-Cuculovski-int233-3

Да се вра­ти­ме на ус­ло­ву­ва­ња­та за фор­ми­ра­ње вла­да. Ја­зи­кот. Иден­ти­тет­ско пра­ша­ње за кое се бо­ри­ме со Гр­ци­ја офи­ци­јал­но ве­ќе че­тврт век. Се­га се ба­ра (а и се ну­ди) са­ми да си го до­ве­де­ме во пра­ша­ње. Кол­ку тре­ба да е чо­век по­ли­тич­ки и оп­штес­тве­но не­од­го­во­рен во овој мо­мент да за­и­гра на таа кар­та?

ЦУЦУЛОВСКИ: Ста­ну­ва збор за крај­на не са­мо по­ли­тич­ка, на­ци­о­нал­на, ту­ку и чо­веч­ка не­од­го­вор­ност, ко­ја се гра­ни­чи со ап­сурд. Да се ну­ди не­што (дво­ја­зич­ност) ко­га ни­кој, ба­рем офи­ци­јал­но, тоа не го по­ба­рал, е ве­ќе лу­дост. Да се го­во­ре­ло на ја­зи­кот на гра­ѓа­ни­те во не­ко­ја оп­шти­на, град или се­ло во кое не­ма ни­ту еден гра­ѓа­нин што го­во­ри на тој ја­зик е да­ле­ку од се­кој ум и ли­чи на вам­пи­ри­зам. На­стра­на, тоа е нас­про­ти Уста­вот. За ан­ти­у­став­но по­ви­ку­ва­ње мо­же и да се од­го­ва­ра. Но, ај­де, не­ка го при­фа­ти­ме тоа ка­ко не­вин вер­ба­лен де­ликт, израз на не­чи­ја не­прес­мет­ли­вост. Но, и во тој слу­чај, глу­по­ста оста­ну­ва. Па­тем, не смее да се за­бо­ра­ви де­ка ја­зи­кот не е са­мо знак за не­чиј на­ци­о­на­лен иден­ти­тет, ту­ку тој е и средс­тво за оп­ште­ње, за ме­ѓу­себ­на ко­му­ни­ка­ци­ја. Нуж­но е да по­стои не­што ка­ко лин­гва фран­ка. Ина­ку сѐ ќе за­вр­ши во ха­ос. Да не го за­бо­ра­ви­ме ми­тот за Ва­ви­лон­ска­та ку­ла. Бог ги каз­ни лу­ѓе­то та­ка што од еден ја­зик соз­да­де по­ве­ќе ја­зи­ци за да вне­се раз­дор ме­ѓу нив. А ми­то­ви­те, кол­ку и да се сказ­ни, се­пак ка­жу­ва­ат не­што. Ед­но­став­но, по­тре­бен е еден офи­ци­ја­лен ја­зик за да се со­чу­ва не са­мо ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет, ту­ку и це­ли­на­та – Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

 

Иа­ко не­ма брз из­лез од кри­за­та, ве­ро­јат­но ни­ту но­ви из­бо­ри не­ма да би­дат пре­сек, ту­ку ќе рас­чи­стат не­кои ди­ле­ми што се по­ја­ви­ја; оп­штес­тво­то еви­дент­но се по­де­ли – и тоа не са­мо по ет­нич­ка, ту­ку и по по­ли­тич­ка ли­ни­ја. Во оваа си­ту­а­ци­ја, бе­ше по­ну­де­на се­ма­ке­дон­ска пла­тфор­ма, не ка­ко од­го­вор на се­ал­бан­ска­та пла­тфор­ма, ту­ку ка­ко рам­ка во ко­ја би се дви­же­ла др­жа­ва­та и со тоа пар­ти­и­те во ид­ни­на. Кол­ку та­ква пла­тфор­ма е по­треб­на и да­ли, мо­же­би, ќе по­мог­не во над­ми­ну­ва­ње на оваа по­де­ле­ност?

ЦУЦУЛОВСКИ: Се­ка­ко де­ка е по­треб­на ед­на та­ква пла­тфор­ма. Ако соз­да­ва­ње­то на ед­на та­ква пла­тфор­ма, од­нос­но про­гра­ма, не по­мог­не, си­гур­но не­ма да од­мог­не. Зна­чи, за­стап­ник за тоа да се из­гра­дат ма­ке­дон­ски на­ци­о­нал­ни рам­ки, кои не би тре­ба­ло да би­дат пре­че­ко­ру­ва­ни. Тие би би­ле еден вид цр­ве­ни на­ци­о­нал­ни ли­нии, се­ед­но што сум гра­ѓан­ски ори­ен­ти­ран. Во овој пог­лед, Ма­ке­до­ни­ја е иск­лу­чок на Бал­ка­нот. Таа е иск­лу­чок не за­тоа што са­ка да из­гра­ди на­ци­о­нал­на пла­тфор­ма, ту­ку за­тоа што единс­тве­но таа не­ма из­гра­де­но сво­ја на­ци­о­нал­на пла­тфор­ма. Сло­вен­ци­те, на при­мер, тоа го на­пра­ви­ја пред си­те во Ју­гос­ла­ви­ја, уште во 80-ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век. За­тоа, и нај­под­го­тве­ни го до­че­каа рас­па­дот на фе­де­ра­ци­ја­та, не за­тоа што го са­каа, ту­ку за­тоа што од­на­пред соз­да­ваа ре­ше­ни­ја за мож­ни си­ту­а­ции. Ед­но­став­но, гле­даа ба­рем че­кор на­пред. Ние, пак, ка­ко но­јот со гла­ва­та в пе­сок – ка­ко да не по­стои не­што, ако тоа не­што не го гле­даш.

 

Што оче­ку­ва­те? Но­ва вла­да, ши­ро­ка ко­а­ли­ци­ја, тес­на ко­а­ли­ци­ја, ка­ква и да е, ко­ја би има­ла моќ да функ­ци­о­ни­ра или, ка­ко и мно­зинс­тво­то од јав­но­ста се сом­не­ва­те во ре­зул­та­ти­те од пос­лед­ни­те из­бо­ри и гле­да­те во но­ви из­бо­ри ка­ко мож­но ре­ше­ние?

ЦУЦУЛОВСКИ: Единс­твен уста­вен из­лез од оваа си­ту­а­ци­ја се но­ви из­бо­ри би­деј­ќи во Уста­вот не е пред­ви­де­но вто­ро да­ва­ње ман­дат. Зна­чи, Уста­вот упа­ту­ва на но­ви из­бо­ри. При­тоа, не ве­ру­вам де­ка но­ви­те из­бо­ри ќе про­ме­нат не­што бит­но, но бит­но е да се спро­ве­ду­ва за­кон­ска­та и устав­на­та про­це­ду­ра би­деј­ќи, со нив­но нес­про­ве­ду­ва­ње, уште по­ве­ќе ќе се стес­ни де­мо­кра­ти­ја­та, би­деј­ќи неј­зи­на­та су­шти­на е во про­це­ду­ра­та. Не ста­ну­ва збор за мо­ја жел­ба да има из­бо­ри, ту­ку тоа го на­ла­га Уста­вот. Над Уста­вот не смее да би­де ни­кој, сѐ до­де­ка не се про­ме­ни. Ина­ку, не се сом­не­вам во ре­зул­та­ти­те од прет­ход­ни­те из­бо­ри за­тоа што: а) до­маш­ни­те и стран­ски­те пос­ма­тра­чи сме­таа де­ка из­бо­ри­те се ре­гу­лар­ни; б) не­ма­ше се­ри­оз­ни ин­ци­ден­ти и, во оваа смис­ла, овие из­бо­ри беа нај­мир­ни; в) ДИК ги приз­на ре­зул­та­ти­те и г) ни­ту ед­на пар­ти­ја, по од­лу­ка­та на ДИК, не под­не­се при­го­вор. За ме­не тоа се до­вол­ни ин­ди­ка­то­ри за нив­на­та ре­гу­лар­ност би­деј­ќи ве­ру­вам во на­ши­те и во стран­ски­те фа­кто­ри, наб­љу­ду­ва­чи, ка­ко што ве­ру­вам во ДИК, а, Бо­га­ми, и во си­те на­ши пар­тии, кои не под­не­соа ка­ков би­ло при­го­вор. То­гаш, кој сум јас да се сом­не­вам во тоа во што не се сом­не­ва­ат све­ти­те и не­по­греш­ли­ви пар­тии, кои сѐ што пра­ват, пра­ват за до­бро­то на на­ро­дот. А на­ро­дот, ка­ко на­род, сѐ по­ве­ќе стра­да. Впро­чем, има ли дру­га уло­га, освен да стра­да? За­тоа е и на­род.

 

Разговараше: Наум Стоилковски
Фото: Александар Ивановски
(Интервјуто со професорот Љубомир Цуцуловски е објавено во 233. број на неделникот Република, 17.02.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top