Објективно гледано, се што СДСМ правеше во изминативе две години, во нивниот поход да дојдат на власт поддржани од страна на левичарските влади на неколку странски држави (пред се САД и Италија – влади кои во меѓувреме паднаа), значително ја зголеми опасноста од меѓуетнички конфликт во Македонија. И сега, по сето ова, СДСМ и нивните медиуми имаат образ да го обвинат Владо дека поттикнувал граѓанска војна? Море носете се, багро една недоносена…, пишува на својот ФБ профил новинарот Цветин Чилиманов.
Свесни дека не можат да му се приближат на ВМРО со гласовите, СДСМ на изборите почнаа кампања да нудат менување на Охридскиот Рамковен Договор (кој е, патем кажано, МИРОВЕН договор). Со своите недефинирани и непрецизни понуди во текот на кампањата СДСМ отворија простор за разгорување на национализам кај Албанците и за најави за кантонизација и федерализација на Македонија.
Да не зборуваме што претходно, со својата двегодишна кампања за дестабилизација на Македонија, со тврдењата дека имале некакви информации во врска со убиствата кај Смиљковско Езеро (видовме колку имаат за Младенов на пример) СДСМ свесно поттикнуваа меѓуетнички тензии и со сигурност придонесоа за нападот во Куманово.
По изборите, болни од желбата да дојдат на власт и покрај поразот, СДСМ отвараат преговори за прифаќање на платформа промовирана од Еди Рама, нивниот политички сојузник преку ПЕС и соросовата фондација. Сето ова предизвика дури и лево ориентирани меѓународни коментатори кои ги поддржуваа СДСМ во изминативе две години да се запрашаат дали оваа политика може да води кон кантонизација, федерализација и дестабилизација на Македонија, но и на Балканот, со вмешување на поголем број други држави кои ќе бидат привлечени од кризата (пред се Русија) и хаос не само во Македонија туку и во целиот регион.
Објективно гледано, се што СДСМ правеше во изминативе две години, во нивниот поход да дојдат на власт поддржани од страна на левичарските влади на неколку странски држави (пред се САД и Италија – влади кои во меѓувреме паднаа), значително ја зголеми опасноста од меѓуетнички конфликт во Македонија. И сега, по сето ова, СДСМ и нивните медиуми имаат образ да го обвинат Владо дека поттикнувал граѓанска војна? Море носете се, багро една недоносена…
(ФБ статус на Цветин Чилиманов)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.