Чешкиот стратег Зденек Земан повторно се враќа во еден клуб од Серија А. Тој го презема кормилото на последнопласираниот тим од италијанскиот шампионат, Пескара, кој има освоено само 9 бода во досегашниот тек од сезоната. Оваа седмица раководството на Пескара се раздели со Масимо Одо, кој досега го водеше тимот.
– Да се надеваме дека се ќе се развива во добра насока. Ќе има разговор со сопственикот на клубот по утрешниот тренинг – изјави Земан.
Пескара загуби на гостувањето против Торино со 5-3, а претстојниов викенд ќе игра против Џенова на домашен терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.