Един Џеко за еден месец влегува во својата 31 година, и игра во животна форма. Фудбалерот за кој пред само една година сите зборуваа дека е „токмак“, „слепец“ и „поранешен фудбалер“, брутално ги замолкна критичарите.
Од 2014 до 2016 година Џеко постигна комбинирано 16 гола за Манчестер сити и за Рома. И додека за време на својот живот во Англија главно си ја грееше клупата за прилично високи пари, во Рома мораше да биде во првиот тим затоа што беше донесен како големо засилување. Но, не почна согласно посакувањата.
Минатата сезона постигна само десет гола, осум во Серија А и само два во Лигата на шампионите, па сите го отпишаа наметнувајќи му етикета „поранешен фудбалер“.
Пишуваа тогаш и италијанските медиуми за „Един слепиот“, само поради очајните игри и неверојатните промашувања.
Но, ете една година подоцна. Сега ги замолкна сите критичари. Во моментов е еден од најдобрите напаѓачи во Европа, сега постигнувајќи во просек на секои 96 минути, или речиси со по еден гол на секој натпревар. Во моментов има 28 гола на 34 натпревари. Заедно со Игуаин, со по 18 погодоци, е најдобар стрелец во Серија А, осум постигна во шест меча во Лигата на Европа и два има во Купот на Италија.
Колкава самодоверба сега има доказ е и елегантниот погодок против Вилјареал на „Мадригал“ во убедливата победа на Рома од 0-4, со хет-трик на „слепецот“, „токмакот“, или „поранешниот фудбалер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)