Карим Бензема е нов француски рекордер по брјот на голови во Лигата на шампионите. По денешниот израмнувачки гол за тимот на Реал Мадрид, тој изби на врвот на листата со 51 постигнат гол. Веднаш зад него се наоѓаат Тјери Анри, кој застана на бројката од 50 постигнати голови и Давид Трезеге со 29 голови.
Пред Бензема на вечната листа се наоѓаат само четворица фудбалери. Тоа се Кристијано Роналдо (95), Лионел Меси (93), Раул Гонзалес Бланко (71) и Руд ван Нистелрој (56).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.