| четврток, 6 декември 2018 |

Солзите на Нејмар, бразилското чудо се прости од Сантош (видео)

Нејмар да Силва Сантош јуниор или скратено како што сите фудбалски симпатизери го знаат, Нејмар, се прости од својот матичен клуб Сантош, а разделбата тешко му падна на бразилскиот вундеркинд. Пушти и по некоја солза пред стартот на последниот натпревар за клубот чиј дрес го носи од дете, а Сантош играше против Фламенго. Нејмар заминува во Барселона и ќе игра со Меси, како најава за една нова, суператрактивна екипа што ќе ја има шампионот на Шпанија.

„Да се игра со Меси во ист тим, но и со останатите играчи од оваа одлична генерација на Барселона е остварување на сонот за мене. Чест ми е што ќе настапувам за таков гигант на светскиот фудбал“, изјави Нејмар.

Барселона ќе го претстави 21-годишниот напаѓач на почетокот на јуни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top