| четврток, 6 декември 2018 |

Гризман: Сакам да останам во Атлетико, не ми се допаѓа климата во Англија

antoan grizman

Францускиот интернационалец Антоан Гризман е еден од најпосакуваните напаѓачи во Европа и се очекува да биде прва ѕвезда на летниот преоден рок. Медиумите на Островот веќе го преселија во Манчестер јунајтед, но за него постои сериозен интерес и од Пари Сен Жермен и од Интер. Но, тој вели дека се уште не чувствува потреба да си замине од Атлетико Мадрид.

– Кога бев во Реал Сосиедад, почувствував дека ми е потребна промена. Но, тоа чувство сега го немам. Би сакал да останам во Атлетико Мадрид, тука ми е убаво, а и Примера за мене е лигата во која можам да го дадам максимумот. Гермаанија н ме привлекува премногу, Франција не ја гледам како опција во овој момент, а што се однесува до Англија – имам двоумење поради климата – изјави Гризман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top