Вчера бил пронајден мртов маж на улицата „Качанички пат“. Полциијата информира дека во Скопје во 7 часот и 30 минути на улицата во камион „МАН“ со српски регистарски таблички, бил пронајден починат 37-годишниот Н.Ј. од Србија.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, а возилото е запечатено за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.