| четврток, 6 декември 2018 |

„Раните не исчезнуваат сеуште чувствувам се на себе“, жената која ја силувал братот се појави во утринска (Видео)

Не живеам за минатото, но раните не исчезнуваат. Тоа е проблем, како да имам 15 години, како да сум во тоа време, сеуште чувствувам се на себе.Ова е потресната исповед на жената која пред неколку дена предизвика лавина од емоции и коментари кога се јави во утринска и призна дека била силувана од сопствениот брат на шест години.

39-годишната жена која ќе остане анонимна се појави во утринската емисија, лицето и беше замаглено, а таа зборуваше за хоророт.

– Се јавив да го извадам тоа од себе, инаку 33 години го чувам, кој ќе ми помогне, рече таа. Мајката го затекна брат ми како ме силува, тоа се случуваше постојано. Замоли да остане меѓу нас, татко ми беше многу строг, вели жената.

Таа од дома си отишла на 15 години, нема работа, а завршила само петто одделение.

– Имав една цел во животот, да соберам пари и да си одам од таму, да не го доживувам тоа, вели таа.

Денес нејзиниот брат имал 4 деца, а претходно се развел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top