| четврток, 6 декември 2018 |

Ристески: На онкологија досега немало олку нови лекови како годинава и претходната

Воведени нови лекови за терапија на шест типови малигни заболувања, што претходно не беа достапни во Македонија.

Терапијата за малигни заболувања на бубрег и кожа веќе е воведена и достапна на пациентите, а годинава ќе бидат воведени и лекови за рак на дојка, рак на дебело црево, рак на црн дроб и два лека за рак на бели дробови.

Имено терапијата за рак на кожа, што чини околу 8.000 евра месечно и за рак на бубрег, што чини околу 3.000 евра, а пациентите претходно морале сами да ја набавуваат, сега е достапна и тие ја добиваат бесплатно во рамки на здравственото осигурување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top