| четврток, 6 декември 2018 |

Жесток напад на гејовите во Париз – над 300 уапсени

antigej1

По протестите на околу 150.000 демонстранти против законот со кој се одобруваат истополови бракови во Париз и прераснувањето на мирниот собир во судир со полицијата, уапсени се околу 300 луѓе.

За да ја растера разгневената толпа, полицијата употребила солзавец.

Поради напнатата атмосфера, за безбедноста на протестите беа ангажирани 4.500 полицајци.

Организатор на настанот беше група која себе се дефинира како застапник на традиционалните вредности.

Демонстрантите бараа повлекување на законот кој беше изгласан на 18 мај, со кој се дозволува истополови бракови и посвојување на деца. Тие бараа и францускиот претседател Франсоа Оланд да се откаже од функцијата.

Франција е деветта земја во Европа и 14. во светот која ги легализира хомосексуалните бракови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top