| четврток, 6 декември 2018 |

Ди Марија и Кавани им преридија горчлива роденденска журка на каталонците

di marija

Фудбалска рапсодија во Париз приредија фудбалерите на ПСЖ, совладувајќи ја Барселона со 4-0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Посебно инспирирани беа Анхел Ди Марија и Единсон Кавани, кои беа и стрелци на голови за „светците“. Аргентинецот постигна два прекрасни гола, едниот од слободен удар, другиот со мајсторија од 20 метри, а својот голгетерски инстинкт го потврди и Уругваецот Кавани. Во листата на стрелците се запиша и Џулијан Дракслер.

Ди Марија и Кавани денеска имаат и посебна причина за славење. Првиот го слави својот 29-ти, а другиот јубилејниот 30-ти роденден. Барселона им дојде на роденден, ама не си поминаа убаво…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top