| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕвездата на Монако ја меркаат четири фудбалски гиганти (видео)

fabinja

Монако е едно од најпријатните изненадувања во Европа во оваа година, игра одлично како во домашните натпреварувања, така и во Лигата на шампионите каде во првата нокаут фаза ќе се сретне со Манчестер Сити.

Стандарден дел од тимот на малото кнежество е Бразилецот, Фабињо кој со своите партии го привлече вниманието на најголемите гиганти. Според неговиот татко Жоао него го бркаат двата тима од Манчестер, потоа Арсенал и Барселона.

– Имавме разговори со Јунајтед, Сити, Арсенал и контакт со Барселона. Го сакаме Јунајтед и работата на Мурињо, но имаме и место за Сити -посочил Жоао.

Фабињо има 23-години и може да игра на десната бековска позиција, но и во средината на теренот како последен играч за врска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top